Приказна за фудбалскиот пат на Рафаел Варан

Во историјата на Реал Мадрид играл само еден стопер од Франција - Луи Хон. Тој настапувал за „кралевите“ во ’50-те години и бил еден од првите европски легионери. Денес негов наследник е Рафаел Варан.

Како мал тој се плашел да игра фудбал во екипа со повеќе деца, Рафел често ја шутирал топката само со брат му Ентони во дворот од куќата и не знаел како е да се игра во тим.

Не знаел се додека татко му не го однел во младинската секција на малку познатиот клуб Хелемес. Во тој момент Рафаел имал седум години и фудбалот го засакал толку многу што од топката веќе никогаш не се одвојувал.

Главен проблем тогаш станала далечината. Од Лил, каде што се родил и живеел малиот Рафаел, па се до предградието каде тренирал имало еден час возење. Често се случувало малиот да се пресоблекува во колата на татко му за да го почне тренингот на време.

Љубовта кон фудбалот му ја одржувале и родителите кои и покрај бледата финансиска ситуација му купувале копачки и потребна опрема. Во обид да го тргнат од опасниот асфалт и да го насочат на прав пат, го носеле на тренинг и така стравот на Рафаел од голем фудбал исчезнал.

Мака со колената

На 7 години почнал да игра фудбал а после две години го викнале во Ла Гелет, академијата на Ленс, но како и многу други деца од северна Франција, кога потпораснал Рафаел Варан преминал во центарот за развој на Француската фудбалска федерација во Левин. Таму тренирале најталентираните деца од целата земја.

Таму во академијата првпат имал проблеми со здравјето.

„Тогаш неговите колена просто не издржуваа. Еднаш го болеше десното колено другпат левото и така повредите осум месеци го оддалечија од фудбалот. Се сеќавам како после школо доаѓаше и ги гледаше другите деца на тренинг а не можеше да игра. Тешко му беше. Карактерот на крај му помогна да стане посилен“, памети Ален Делори, еден од тренерите на Варан во академијата во Левин.

Проблемите со колената ги надминал како резултат на брзиот раст којшто влијаел на коскената структура како што е случај со многу деца на негова возраст - утврдил Марк Вестелоп, детски тренер во академијата на Ленс.

„Во Левин сите деца имаа прекари. Рафаел го нарекоа мали Лорен Блан. Мислам дека како и другите деца така и Варан се извиши брзо. За да избегнува дуели, тој користеше добра техника, како неговиот идол Блан“, се сеќава Вестелоп.

Кога станал физички доминантен Рафаел станал еден од главните стопери во вториот тим на Ленс во време додека првата екипа ја тренирал Жан Ги Валем. Во октомври 2010. година тогаш првиот избор во централната одбрана Алаедин Јахја се повредил и долго време бил надвор од терените.

Во младиот Варан тогаш виделе идеален sweeper (човек чистач во одбраната), способен да извршува голем дел од работата на теренот. Рафаел имал само 17 години и веќе бил во првиот тим на Ленс. А најинтересно е што со доаѓањето на романскиот тренер Ласло Белени младиот Варан неколку пати ја понел и капитенската лента на раката. За првиот тим на Ленс одиграл само една сезона, запишал 23 настапи на кои постигнал два гола.

ПОВИКОТ ОД ЗИДАНВо јуни 2011-та, кога Варан се враќал дома со мајка му недалеку од францускиот град Лил, му заѕвонил телефонот. Во тој момент Рафаел веќе знаел за интересот од Манчестер Јунајтед - за заинтересираноста на Алекс Фергусон му кажал татко му. Англичаните му нуделе 10,5 милиони евра на претседателот на Ленс Жерве Мартел но тој барал поголема сума.

На крајот тогашниот тренер на „Кастиља“ (третиот тим на Реал Мадрид) Зинедин Зидан лично му се јавил на Варан. На почеток Рафаел мислел дека некој од соиграчите игра мајтап со него.

„Ми се јави Зидан а јас му одговорив дека не знам кој е и да ми се претстави. Кога стана сериозен и ми кажа дека не е шега, и дека е Зидан, му го препознав гласот и се здрвив“, се сеќава францускиот репрезентативец.

„Му кажав дека не можам да зборувам за трансфер зошто во недела имам натпрева и тоа ми е најважно. Потоа луѓето ми викаа дека сум се мрднал со умот“.

Зинедин на крајот го добил тоа што го барал и му помогнал на својот сонародник да потпише договор со „Галактикос“ на цели шест години.

ЛЕКЦИЈА РАМНОДУШНОСТ ОД МУРИЊО

Зинедин Зидан му го препорачал Варан на Мурињо додека Португалецот го водеше Реал Мадрид. Дебито за „кралскиот клуб“ Рафаел го имаше на мечот против Расинг Сантандер кога Жозе му пришол на 18-годишниот Французин и му рекол:

„Ти ќе стоиш со Рикардо Карваљо. Колку он ќе дејствува длабоко, толку ти поблизу до противникот. Твој е Кристијан Стуани. Не играј фластер на него но не му давај да се растрча“, му рекол Жозе, а Варан молчеливо климнал со глава.

Одличниот млад стопер ги одиграл сите 90 минути а мечот завршил 0:0. Веќе во следното коло Рафаел одново бил во првиот состав - овојпат против Рајо Ваљекано. Тогаш заиграл во тандем со Раул Албиол и го постигнал првиот гол за Реал, после корнерот на Месут Озил.

Го задоволил и вечно незгодниот Мурињо: „Варан има интелект и ладнокрвност како Лоран Блан, но со секоја почит за Блан, Рафаел е далеку побрз“.

Варан потоа спокојно можел да игра крај десната аут линија зошто Серхио Рамос играше во тандем со Пепе.

„Со Мурињо поминав чудна етапа во Реал. На стартот од сезоната воопшто не играв и не сфаќав зошто. Позборував со тренерот и после три дена кога наполнив 19 години ме стави против Манчестер Сити. Тој дуел беше како виза за мене. Играв добро и од тогаш се тргна на добро“, се сеќава Варан.

Но правиот Варан не беше кај Мурињо, туку кај Карло Анчелоти. Цели 12 години му требаа на Реал да го врати статусот најдобар клуб во Европа. Тоа не им се случи ниту кога во тимот играа Фернандо Јеро, Иван Елгера, Валтер Самуел или Фабио Канаваро.

Во финалето на ЛШ против Атлетико Мадрид, Анчелоти од старт го пушти Варан во одбраната со Серхио Рамос. Капитенот ја спаси екипата од пораз со гол во последните секунди а Французинот ги доби сите дуели и не му даде ниту една шанса на Атлетико да се врати после нокдаунот.

 

gran partido !!! ⚽️🚀 #RMUCL #HALAMADRID

A post shared by Raphaël Varane (@raphaelvarane) on

Набрзо Дидие Дешам го викна Варан за Светското 2014 во Бразил а во репрезентација конкуренти му беа Лоран Кошелни и Лук Диње. Селекторот на „триколорите“ тогаш решил да ги спои Сако и Варан кои командуваа со одбраната на селекцијата која стигна до четвртфиналето. Но на пат до таму Рафаел доживеа сериозна повреда на коленото против Нигерија после што беше хоспитализиран.

Во октомври истата година Рафаел Варан првпат ја доби капитенската лента за Франција - на пријателската против Ерменија (3-0). Така стана најмладиот капитен во историјата на репрезентацијата. Имаше само 21 година.

Договорот на Варан со Реал Мадрид трае до 2022 година, тој во октомври лани потпиша нов 5-годишен договор.

Во моментов има три задачи: 1) да не се повреди пред стартот на Светското, 2) Да ја спаси сезоната на Реал Мадрид и да ја освои трет пат по ред Лигата на шампионите, 3) Да слави златен пехар со репрезентацијата во Русија.... И секако, да се сеќава на другарите со кои играл во фудбалската школа Хемелес кога се плашел да игра со повеќе деца.