1) Фотографиите на кои 17-годишниот Габриел Жезус ги украсува бразилските улици со боја пред Светското првенство 2014. Денес Габи е една од најголемите ѕвезди во англиската Премиер лига.
2) Рафаел Бенитез кој остана во Њукасл по испаѓањето во Чемпионшип и после една година го врати клубот во Премиер лигата.
3) Краткото проштално писмо на Чаби Алонсо во стилот на Мајкл Џордан кога Шпанецот се прости од активното играње фудбал:
Lived it. Loved it.
— Xabi Alonso (@XabiAlonso) March 9, 2017
Farewell beautiful game. pic.twitter.com/1aSN7GGNzZ
4) Играчите на Атлетик Билбао, кои се ишишаа до глава во знак на поддршка на нивниот соиграч Јерај Алварез на кого му беше откриен рак на тестисите. Јерај успешно беше опериран само недела дена подоцна а после 46 дена заигра дури и фудбал и тоа 90 минути против Барселона (3:0).
5) Хет-трикот на Меси во решавачкиот меч за репрезентацијата со кој ја однесе Аргентина на Светско првенство 2018. Лео одигра неверојатна симултанка и ги спаси сите кои се крстеа во него на тешкото гостување кај Еквадор.
6) Холивудската презентација на Нејмар во Париз со гигантски плакат на Ајфеловата кула и цел куп постер низ целиот град. Беше убаво да се види како Парижаните полудеа за засилувањето од Барселона.
7) Асистенцијата на Де Брујне до Лерој Сане на мечот со Стоук. Ништо сериозно додека не го погледнете моментот:
8) Пол Сколс, еден од најсаканите фудбалери на Манчестер Јунајтед кој беше идол на еден Иниеста и еден Зидан, реши отворено да ги заобиколи политичката коректност и лојалност и секојдневно во медиумите партал ги правеше Мурињо и играчите на Јунајтед.
9) Јан Облак во октомври лани имаше повеќе натпревари на кои не прими гол отколку што прими. Апсолутно неверојатно.
10) Потполно лудиот гест на Мамаду Сако во последните секунди од мечот со Челси при резултат 2-1 за Кристал Палас:
11) Дел Пјеро, Чаби Алонсо, Подолски Кака, Зидан, Гундоган и други суперѕвезди снимаа реклама во Москва по повод Светското 2018.
12) Алекс Хантер и FIFA-2018. Најдобриот фудбалски филм за последните пет-шест години.
13) Најголемиот кам-бек во историјата на Кристијано Роналдо кој направи невозможен пресврт и од 1:4 во Златни топки стигна до 5:5.
14) Килиан Мбапе кој правеше чуда на 19 години.
15) Прекрасниот Наполи и Дрис Мертенс кои ни покажаа колку романтичен и едноставен може да биде фудбалот.
16) Чилеанските навивачи кои пропатуваа илјадници километри на Купот на Конфедерации во Русија да ја бодрат својата репрезентација.
17) Камерманот кој се качи на кутија за го сними интервјуто со Питер Крауч.
18) Солзите на Џанлуиџи Буфон после мечот со Шведска кои покажаа колку силно може да се сака фудбалот и својата земја и тоа тогаш кога си видел се во својата професија и одамна си станал жива легенда.
19) Мегаколекцијата дресови на Лионел Меси во една од просториите во неговиот дом.
20) Жителите на Дортмунд кои ги пуштија навивачите на Монако да преспијат во нивните домови откако меѓусебниот меч во Лигата на шампионите се одложи поради напад врз клупскиот автобус на Борусија.
21) Смелоста на Давид Силва кој после десетина години реши преку ноќ да се ишиша скроз „на нула“.
22) Новата прослава на гол на Кристијано Роналдо и на Меси: да го соблечеш дресот и да го покажеш пред публиката твоето име.
23) Фотографијата на Андреа Пирло која стана хит во Италија.
24) Волшебната свадба на Меси и Антонела на кои не им сметаше светската популарност и вниманието на публиката за да направат скромна и пристојна свадба со најблиските.
25) Споменикот на Кристијано Роналдо на островот Мадеира којшто ги победи сите комични рекорди во историјата на цивилизацијата.
26) Летната фотографија на Питер Крауч со жирафите.
27) Плакат Wenger Out се појави на протестот на опозицијата против стариот претседател Роберт Мугабе во Зимбабве.
28) Прашањето на американски репортер на првата прес-конференција на Бастијан Швајнташјгер во дресот на Чикаго: „Според вас, дали е Чикаго доволно добар да го освои Светското првенство“?
29) Семејната фотографија на Кристијано Роналдо по раѓањето на близначките.
30) Буфон и Касиљас кои се сретнаа на теренот можеби за последен пат.
31) На претседателските избори во Либерија победи Жорж Веа.
32) Бибиана Штајнхаус која стана првата жена која беше главен судија на меч во една од најдобрите 5 европски фудбалски лиги (Бундеслига).
33) Едгар Давдис кој и во 2017-та покажа зошто беше одличен фудбалер:
34) Новиот стадион „Лужњики“ во Москва каде ќе се игра финалето на Мундијалот 2018.
35) Златан Ибрахимовиќ кој после 30-та година даде повеќе голови отколку до неа и конечно се врати после повредата.
36) Пеп Гвардиола покажа зошто е најдобар тренер на светот.
37) Прошталниот меч на легендарниот Франческо Тоти 10 кога плачеше и старо и младо на римскиот „Олимпико“
38) Џон Тери замина од својот омилен клуб каде беше сакан капитен и освои многу трофеи.
39) Ударот „скорпион“ во исполнение на Оливие Жиру кој уште на 1. јануари лани го постигна голот на годината и ја доби вредната награда „Ференц Пушкаш“.
40) Најтешките три секунди во животот на голманот на Мајнц Робин Центнер:
41) Мохамед Салах кој се врати во лигата од која замина на мала врата и во моментов е најдобар играч.
42) Класично празнување на Мурињо по триумфот над Тотенхем. Кога го купи Погба за 105 милиони фунти, а потоа зборуваше дека Сити троши многу пари на трансфери.
43) Малиот навивач на Сандерленд Бредли Лоури и неговата дружба со Џермејн Дефо.
44) Вејн Руни, кој се врати во Евертон на 31 година и веќе постигна 10 голови колку што има 24-годишниот Ромелу Лукаку за Манчестер Јунајтед.
45) Единсон Кавани и пеналот со Нејмар.
46) Пласманот на Исланд на Светско првенство.
47) Златан Ибрахимовиќ кој сам побара да се слика со еден банер после финалето од Лига Европа против Ајакс: „Ибра, остани и можеш да спиеш со жена ми“.
48) Камбекот на Барселона против ПСЖ. Откако изгубија со неверојатни 4:0 на првиот меч во Париз, на 8. март 2017 во реваншот Каталонците го совладаа ривалот со чудесни 6:1 (Меси, Нејмар и Серџи Роберто направија чудо).