На мечот со Борнмут на гости кој Манчестер го доби после пресврт 1:2, поранешниот фудбалер на Челси истрчал на теренот со црн флор околу раката како и сите останати фудбалери во Премиер лигата минатиот викенд - во знак на сочувство за трагично загинатиот претседател на Лестер.
Покрај црниот флор на раката, сите играчи на предниот дел од своите дресови требале да стават симбол на црвен мак како знак на сеќавање на британските војници кои загинале во Првата светска војна но кој загинале и во мисиите на НАТО.
По неколкучасовен молк, се огласи и самиот Матиќ со пост на Инстаграм:
„Во целост разбирам зошто луѓето носат симболи на мак, тотално го почитувам сечие право да го стори тоа и имам целосна симпатија за секого кој загубил некого во воен конфликт.
Како и да е, за мене е само сеќавање на нападот кој го почуствував како мало, исплашено 12-годишно дете кое живееше во Врело, кога мојата земја беше уништена од бомбардирањето на Србија во 1999-та.
Иако претходно го носев овој симбол, јас сега не се чувствувам спремен да го носам на мојот дрес. Не сакам да го потценам симболот мак како симбол на гордост на Британија или пак да навредам некого, напротив, сите сме производ на самите себе и ова е мој личен избор. Се надевам сите ќе ги разберат моите причини откако сега ги објаснив и ќе можам да се концентрирам на тимот пред претстојните средби.“
Во минатото Немања Матиќ го носел овој симбол, познат во Англија како poppy кој се носи во овој период од годината во Британија - како сеќавање на загинатите британски војници.
Настанот со некогашниот фудбалер на Челси не е прв случај со овој симбол на дресот.
Како во 2015-та, така и оваа година сериозни проблеми со медиумите и јавноста во Англија имал Ирецот Џејмс Меклејн кој исто одбил да го носи овој симбол на својот дрес. Традиционално овој црвен мак се носи во Велика Британија, Канада, Нов Зеланд и Австралија - како симбол на британските жртви во Првата Светска војна.