Таг: немања матиќ

Што е појако, голот на Роналдо или асистенцијата на Матиќ?

Манчестер Јунајтед одигра 1:1 дома против Челси, резултат кој не им е доволен со оглед на тоа што имаат-5 бода до ЛШ, а четвртопласираниот Арсенал има два меча помалку. Ако ништо друго, имаме атракција за гледање. Ваквите голови на Роналдо се рутина, но асистенцијата на Немања е убавина за око која не се гледа секое коло. Многу мајсторски.

Најнеспортскиот удар во режија на Немања Матиќ

Манчестер Јунајтед загуби 0:1 од Вест Хем во Лига Купот и е елиминиран во 3. коло. Непријатно изненадување на меќот приреди Матиќ кој го удри Владимир Куфал по фамилија. Но куртули бидејќи во ова натпреварување нема ВАР. На социјалните мрежи, навивачи коментираат дека потегот е за црвен и суспензија од три меча.

Матиќ ги ремети Роналдо и Бруно за поништениот гол во Белград

Царот ставил слика на Инстаграм и ги тагнал двајцата Португалци од кои едниот му е колега во Јунајтед, а сликата ја симнал од Фејсбук страната Селски фудбал или некоја слична таква. Е сега погледнете ја убаво сликата. Му ја залепил на Бруно на шкафче :).

Еди Кавани навива за Единство Уб

Уругвајскиот мајстор на фудбалот веќе покажува зошто Манчестер Јунајтед реши да го доведе на „Олд Трафорд“. Дава голови, асистира, игра во сјајна форма. А во меѓувреме и најде простор да се слика со шал на Јединство Уб, второлигаш од Србија финансиран од неговиот соиграч Немања Матиќ.

Ѕвезда на Манчестер Јунајтед го учи син му да вози трактор во село

Немања Матиќ е познат по добрините што ги прави за своето родно село Врело во Србија. Наместо по Копакабани и Ибици, Матиќ секое лето го користи одморот во Врело каде со најблиските ужива.

Фото на денот

А бадеми, ф`стаци и индиски ореви, камо? Во соблекувалната на Манчестер Јунајтед изгледа одамна нема влезено Ферги.

Се сеќавате ли на волејов на Матиќ?

Го постигна додека играше за Бенфика и тоа на дербито против Порто, а голот толку беше лудачки што заврши втор во трката за ФИФА гол на годината, само поради тоа што Ибра тогаш одлепи со тоа ножичките на пријателска против Англија.

Матиќ го сликаше син му со Роналдо

По завршувањето на мечот од квалификациите за ЕП 2020 Србија - Португалија (2:4), син му на фудбалерот на Манчестер Јунајтед со уште едно другаче посакал да се слика со Роналдо.

Како Србите ја најавија пресметката со Португалија

Србија во сабота со почеток од 20:45 на домашен терен има пресметка против селекција со која играше во група и на претходните квалификации за ЕП 2016. Ах какви спомени имаат од тој дуел. Во Лисабон тогаш загубија 2:1, ама голот што го дадоа е „тражили сте гледајте“.

Смешната случка на Погба, Матиќ и случајни патници во воз

Фудбалските фанатици понекогаш не се свесни за фактот дека колку луѓе има што следат фудбал, толку има и „нормален“ свет што не го занима како 20 и нешто луѓе трчаат по некаква топка како будали. Во ова се уверил и еден Нејт Патрик од Англија

Фудбалер на Манчестер кани на македонски ајвар

Немања Матиќ и Златан Ибрахимовиќ важат за добри другари. Кариерата во еден момент ги спои на славниот „Олд Трафорд“ каде Србинот остана а Швеѓанецот со балкански корени замина да игра во Лос Анџелес. Но сега Немања го кани Ибра на македонски ајвар.

Фудбалерот на Манчестер кој има два клуба и помага во своето село

Немања Матиќ е човекот чии корени водат и до тетовската околина поради што брат му во еден момент можеше да заигра за репрезентацијата на Македонија. Фудбалерот на Манчестер Јунајтед важи за голем патриот кој деновиве се најде на удар на британските медиуми.

„Ми ја бомбардиравте земјата, како да носам таков симбол“?

Српскиот репрезентативец од Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ во саботата одбил на дресот да го носи симболот црвен мак со којшто во овој период од годината се обележува спомен на настраданите британски војници во Првата светска војна.

Го видовте ли најубавиот гол на Јунајтед сезонава?

Најомилениот фудбалер на Жозе Мурињо против Кристал Палас на гости на „Селхарст Парк“ даде страшен гол од 30-ина метри. Тоа е и официјално најубавиот погодок на Манчестер Јунајтед сезонава.

Мурињо му прати ливче на Матиќ, Вилијан ѕиркаше

Жозе Мурињо уште од времето во Порто практикува на ливче да напише некој совет па преку нововлезен играч или за време на прекин да го даде на некој од своите фудбалери. Овојпат му го даде на Матиќ а Бразилецот Вилијан кој постигна прекрасен гол на мечот се обиде да му ѕирне во ливчето.

Џентлменско деби на Матиќ во Манчестер Јунајтед

Новото засилување на Манчестер Јунајтед од Челси дебитираше на вчерашниот пријателски натпревар против Сампдорија кој го добија со 2:1. Црвените ѓаволи платија 40 милиони фунти за да ја пополнат позицијата на која до 2005-та царуваше Рој Кин, со надеж дека конечно доаѓа вистинската замена. Србинот на почеток покажа човечки вредности.

Матиќ од Челси ја плаќа цела тетратка долгови во родното село

Ѕвездата на Челси, Немања Матиќ никогаш не ги заборавил своите другари од детството од селото Врело во Србија. При секое враќање дома, влегува во коперацијата и од продавачката бара да му ја даде тетратката со долгови за да ја плати цела.

Челси ќе ги кодоши ривалите

Сините до фудбалската асоцијација на Англија ќе достават досие со материјали на кои се гледа како фудбалери кои прават сериозни прекршоци не се казнети, а нивниот Матиќ доби три меча суспензија.

Немања Матиќ е српскиот Клод Макелеле

Жозе Мурињо не треба повеќе да се двоуми кога треба да бира стартер на позицијата дефанзивен играч од среден ред. На 3 февруари годинава за прв пат во тим го стави Матиќ, Челси го победи Манчестер Сити на гости, а тој беше прогласен за играч на натпреварот.

Игра во средина: Арсенал и Ливерпул vs. Челзи

Арсенал и Ливерпул примаат повеќе голови откако се решија за конструктивна, а не деструктивна игра на теренот. Некогаш на средината доминираа повлечени играчи за врска како Виера, Пети, Алонсо и Маскерано, за сега одбраната на двата клуба не(до)волно да ѝ помагаат Лукас Леива и Микел Артета. Мурињо уште игра по старо.