14 септември 2010 година 25-годишниот еквадорски фудбалер ќе го памети цел живот. Манчестер Јунајтед играше со Ренџерс на својот стадион, се играше 60’ минута од мечот во групната фаза на Лига на шампиони.
Антонио Валенсија прими една топка на половината на гостите и тргна по крило. Во еден момент бројот 25 на Манчестер беше брутално фаулиран со две нозе од Кирк Броудфут. Наизглед делуваше безопасен старт - Кирк не доби ниту жолт картон, но Валенсија не можеше да стане на нозе. Во тој момент сезоната за него заврши.
Повредата (двојна скршеница на скочниот зглоб) била толку ужасна што режисерот на Sky Sports решил во преносот да не ја пушта повторената снимка од инцидентот. Антонио брзо бил префрлен во локалната болница каде ја слушнал дијагнозата. По операцијата му кажале дека ќе пропушти 7 до 9 месеци.
Неуморниот Еквадорец се вратил на тренинг за помалку од пола година. На 9 април го дал првиот гол после тешката повреда, а после неколку месеци над глава го крена големиот пехар кога стана првиот Еквадорец што освоил Премиер лига. 14 дена подоцна Валенсија играше против Барселона во финалето на Лигата на шампионите на Вембли.
Изгледаше како Антонио да го направи невозможното. Кога го прашувале за чудесниот опоравок од повредата, Валенсија се насмевнувал и се сеќавал на детството.
Антонио Валенсија е роден во Лаго Агрио, сиромашен регион дури и за стандардите на Еквадор. Како дете Антонио продавал шишиња со вода пред стадионот „Карлос Верназа“ заедно со браќата. Набрзо сфатил дека има луѓе кои ги откупуваат пластичните шишиња, па тргнал да пребарува по градот. Идниот фудбалер на Манчестер Јунајтед бил многу слабо и ситно дете. Како мал, како и сите деца од комшилукот бос трчал по топката на улицата.
Кога имал 11 години играл на детски турнир во својот крај а неговите спринтови на игралиштетот ги приметил Педро Перлаза, поранешен полушпиц на Барселона кој работел како фудбалски скаут.
Благодарение на Педро кој бил воодушевен од играта на малиот, Антонио за брзо времесо помош на постариот брат Карлос и мајка му тргнал на 8-часовен пат на северо-истокот од Еквадор во градот Сукумбиос. Во локалната академија Антонио ја добил првата шанса да покаже што знае на прав фудбалски терен.
По четири години во академијата, Валенсија заиграл за својот прв професионален клуб - Ел Национал од Кито. Пред тој момент, младиот бунтовник направил решавачки избор меѓу спортот и школото.
Татко му бил против „глупавата игра со топка“, а Валенсија не можел да живее без фудбалот. На 16 години се карал со татко му, а мајка му го гушнала кога една доцна вечер го напуштил домот. Ситен, слаб, со малку пари купил автобуска карта за истокот - 260 километри далеку од дома.
После долги години Валенсија сфатил дека бил во право што не жалел што фудбалот го одвоил со татко му. Мајка му, петте браќа и една сестра молчеле кога главата на семејството го барал син му низ куќата. Мајка му неколку дена не се усудила да каже дека го пуштила Валенсија во главниот град. Кога дознал, не го колнел, седнал и заплакал: „Како ќе живее таму? Што ќе работи? Уште е мал“.
Антонио брзо се снашол во младинците на „Ел Национал“. Во првата сезона дал 17 гола на 23 меча а тандемот со Кристијан Бенитез бил најдобар во младинската лига. Со клубот Антонио го освоил единствениот трофеј во татковината - титулата во првенството во 2005-та. Тогаш веќе го свртел вниманието на клубовите од Јужна Америка и Европа.
Во репрезентацијата на Еквадор дебитирал во 2004 година. 12 месеци подоцна на дуелот против Парагвај даде еврогол и ја однесе својата земја на Светското првенство 2006. Покрај Мундијалот Валенсија истата година тргнал на пат во Виљареал и потпишал договор со „Жолтата подморница“.
Младиот Еквадорец морал да игра илјадници километри далеку од дома. На почеток не му било лесно затоа што го пратиле на позајмица во Рекреативо, клуб на кој одличното крило му помогнало од Сегунда да се промовира во Примера. На летниот мундијал во Германија, Валенсија ги импресионираше гледачите со страшната брзина, атлетизмот и храброста - одеше до крај во секој дуел без компромис.
Детето од Лаго Агрио ги одигра сите три меча во групата и беше најзаслужен што отидоа во следната рунда. Во 1/8 финалето го положија оружјето пред Англија чиј предводник беше Дејвид Бекам, но Валенсија не го напушти Мундијалот со празни раце.
Го номинираа за најдобар млад иргач на турнирот со Кристијано Роналдо, Вејн Руни и Лукас Подолски. Иако наградата ја зема Германецот со полско потекло, Валенсија го запомни целиот фудбалски свет. Тренерот на Виган Пол Џевел лично го посетил кампот на Еквадор и договорил Антонио да дојде на позајмица до крајот на сезоната во премиерлигашот.
Валенсија слабо зборувал англиски, но на фудбалскиот јазик бил полиглота со соиграчите. Го привлекол вниманието на медиумите, но на полусезоната паузирал поради повреда. И покрај тоа до крајот одиграл 22 меча во Премиер лигата и дал гол против Манчестер Сити.
Таа сезона на „летикси“ сите им предвидуваа испаѓање но благодарение на Антонио Валенсија тие останаа во елитното друштво а позајмицата на Еквадорецот била продолжена за уште една сезона.
Новиот тренер на Виган Стив Брус го направил тоа што морале да го сторат неговите претходници и го откупил договорот на Еквадорецот за 5 милиони фунти. Брус бил уверен дека без него Виган гарантирано ќе испадне од лигата.
Во својата последна сезона во екипата кога веќе стана лидер на тимот, Валенсија добил понуда од Реал Мадрид, но по негово признание тој и неговото семејство не би се чуствувале така убаво на Пиринејскиот полустров како што им било во Англија.
Но во Виган не се задржал за долго. На Сер Алекс Фергусон му требаше ново крило и обрнал внимание на Валенсија кој во 2009 година дојде на „Олд Трафорд“ како замена за Кристијано Роналдо. Ферги за него решил да одвои 18 милиони фунти.
По само една година Антонио Валенсија го освои својот прв европски трофеј, Лига Купот на Англија. Следната година доживеа тешка повреда и ја пропушти речиси целата сезна, а следната 2010-та докажа дека Јунајтед не ги проарчил залудно парите за него.
Со доаѓањето на Мурињо, Валенсија беше еден од ветераните во екипата. Со пожртвуваноста му докажал на Португалецот дека е најдобар десен бек во лигата и заработил нов договор. На 19 март на мечот против Мидлзборо Валенсија заигра од стартот и го одигра 200-от меч за „Црвените ѓаволи“ кои победија. И да, во 93-та минута Антонио Валенсија постигна убав погодок во голот на Виктор Валдез...