Браќата Невил, Ники Бат, Вес Браун, Дени Велбек, Џеси Лингард, Маркус Рашфорд - сите нив ги обединува не само фактот што играле или уште играат за Манчестер Јунајтед, туку и по тоа што секој од нив во клубот дошол како мало дете а после неколку години стигнал до првиот тим.
„Црвените ѓаволи“ имаат долга традиција да пружаат шанса на сопствените деца, па затоа никој не се изненадил со одлуката на Мурињо да го стави Скот Мектоминеј во првиот состав.
Скот Френсис Мектоминеј е роден на 8. декември 1996 година во градот Ланкастер (на англиски познат како Ланкашир). И покрај англиското државјанство, Скот има силни шкотски корени - татко му е роден Шкотланѓанец, а мајка му има англиска и шкотска крв. Мектоминеј во детскиот центар за развој на Јунајтед во Престон дошол во 2002-ра кога имал само 5 години.
За него со сигурност може да се каже дека од детството е за Манчестер Јунајтед.
Симпатичниот Скот Мектоминеј е добар другар со Маркус Рашфорд. Во екипата до 16 години тие биле конкуренти зошто и двајцата играле зад напаѓачите. После неколку години кога стигнале да тренираат со првиот тим тандемот се распаднал - тренерот Ворен Џојс го вратил Скот во средниот ред а Маркус играл повеќе во нападот и се забетонирал како центарфор.
Во сезоната 2015/2016 патиштата им се раздвоиле - Маркус веќе блескаше со сениорите, а Скот најчесто бил во резервниот тим каде како замена добивал по 10-15 минути. Основни недостатоци му биле физичката кревкост и малиот раст - само 167 сантиметри.
Резервите на Манчестер Јунајтед таа сезона ја освоиле Премиер лига 2 но придонесот на Скот во таа титула бил минимален - тој најчесто седел на клупа. Но во летото кое следувало се случило чудо - Мектоминеј за само неколку месеци израснал до неверојатни 193 сантиметри!
Таквото нагло извишување не било во склад со организмот па на Мектоминеј му октриле симптоми на Шлатерова болест - тој тешко се привикнувал на новото тело.
Мурињо пред неколку дена рекол дека Скот бил на чекор да си оди од Јунајтед во летото 2016-та. Кога Жозе дошол на „Олд Трафорд“, клубот отпуштил и продал многу свои воспитаници, но Мектоминеј подразмислил и решил дека по заминувањето на Џо Ротвел и Џејмс Веир, ќе има повеќе шанси да игра за U23.
Ники Бат, кои стана тренер на резервниот тим на Манчестер по заминувањето на Џојс во Виган решил да му даде простор на високиот тинејџер и му давал повеќе време за да се докаже. Благодарение на Бат, Скот таа сезона одиграл 21 меч за резервите и дал 3 гола од позицијата централен играч за врска. Но Бат набрзо решил да го користи како втор центарфор од позадина и тоа во ситуации кога тимот играл „Фелаини style“.
Баш никој не очекувал дека 9 месеци по судбинското решение да остане во Јунајтед, Мектоминеј ќе дебитира за првиот тим.
Тој беше дел од поширокиот состав кој ја освои Лига Европа. Наскоро во мај месец Мурињо му дал шанса и во Премиер лигата (6 минути пред крајот од мечот со Арсенал). Две недели подоцна Скот пак бил со најдобрите фудбалери во првиот тим и во 38. коло на мечот со Кристал Палас покажа се што знае. Јунајтед победи 2:0 а на тој меч Мурињо на теренот пратил 6 деца од академијата од кои 4 биле на клупата за резерви.
Важна одлука Мурињо донел за кариерата на Мектоминеј кога прво го викнал на пред-сезонски подготовки со првиот тим кога играл на пријателската со Валеренга, ја почнал сезоната со резервниот тим, но веќе после четири кола Мурињо пак го викнал меѓу Ибрахимовиќ, Погба и компанија.
Лани веќе полнолетниот Скот Мектоминеј учествувал во 15 меча на првиот тим и на терените поминал 1.243 минути. Дебито во Лигата на шампионите го имал исто како во Премиер лига, со тоа што на дуелот против Бенфика добил само една минута пред крајот од мечот а по ист принцип две недели подоцна заиграл од почеток и играл 90 минути во Премиер.
„Желба од дете ми беше да играм за Јунајтед во Лига на шампиони. Денес се оствари мојот животен сон“, прокоментирал Скот после мечот во кратко интервју.
Стрмоглавиот налет на играчот од среден ред му донел нова главоболка. Како што поседува двојно државјанство, а не играл ниту за една репрезентација на Шкотска и Англија, се поставило прашањето за кого ќе реши да игра.
Се отворила дебата во двете земји а селекторите на Англија и Шкотска, Герет Саутгејт и Алекс Меклиш завратиле ракави да го убедат да игра за нив. ESPN пишуваше дека обата селектори дошле во центарот на Јунајтед, Карингтон, со цел да му кажат зошто треба да игра за нив.
Во меѓувреме BBC и The Times објавија дека Скот Мектоминеј одлучил да игра за својата татковина Шкотска.
„Нормално, јас зборував со него за тоа. Го советував да се води според логиката, а тој сакаше да избере според срцето“, ја прокоментирал ситуацијата Мурињо.
Жозе не ја открил содржината на неговиот совет, но јасно е дека го посоветувал да ја избере Англија уште во тоа време кога имал само шкотско државјанство.
„Не можам да кажам кого поддржувам повеќе, јас навивам и за двете репрезентации. Зависи од тоа каде се наоѓам. Кога сум на гости кај дедо ми во Шкотска навивам за нив. Мислам дека сум повеќе Шкотланѓанец отколку Англичанец, а искрено на крајот од краиштата не ме вознемирува ова прашање“, рекол Мектоминеј пред квалификациите во септември 2016-та.
За тренер кој нема многу доверба во младите играчи, Мурињо му посветил доста внимание на Скот: „Мислам дека Мектоминеј не добива доволно признание за квалитетите и заслужува повеќе. Можно е да не го приметувате зошто е скромно дете, нема тетоважи, не носи скапи часовници и не вози бесни коли“.
Алекс Фергусон исто така изразил симпатии за сонародникот и побарал од Жозе да го става почесто детето во тимот.
Скот имаше и спортска среќа, нешто што им фали на многу фудбалери. Да не беа повредени Фелаини, Карик и Ерера, неговото деби во Лигата на шампионите можеби ќе останеше само сон.
„Мене ме воодушевија примерите на Џеси и Маркус. Тие го поминаа целиот пат од јуниорските и младински категории до првиот состав. Многу луѓе го отпишуваа Џеси кога беше помал и јас исто мислев дека нема да се пробие на топ-ниво. Гледајте го сега како стигна до целта. Тоа покажува колку далеку човек може да стигне“, признава Мектоминеј.
Историјата се повторува сама по себе. Скот Мектоминеј е најдобар пример за тоа дека во животот секогаш се исплаќа напорниот труд.