„Драга, колку си тешка? - ја прашал Хавиер својата жена на првиот ден од медениот месец на островот Џерба на Средоземното море. Паула била сигурна дека тој нема да тренира ден после свадбата: ’Да кажеме пеесетина килограми. Зошто?’ -Овде нема тренинг сала, а мене ми требаат тегови од 75 килограми“.
Хавиер ги собрал сите книги кои ги понел (тежеле 15 кила), во блискиот трговски центар земал два тега од по пет кила, ги ставил во ранец кој и го дал на Паула и почнал да ја крева. Така тренирал.
Кога се вратил назад во Милано, во базата на Интер Занети не го забележал Тарибо Вест, својот пријател и противник во Олимпиското финале 1996-та. Вест бил во соблекувалната облечен во проповедничка мантија и го гушнал Занети: „Поздрав брате, одам дома“ и настанала тишина.
Поминал јануари и дошол февруари, а „Нераѕурите“ конечно дошле во тренинг центарот Апијано Џентиле. „Неколку недели немаше никакви вести. Каде беше?, го прашал Хавиер Нигериецот -Се женев. -Знам, но ти исчезна, те снема долго време? -Исчезнав? Не. Во моето племе свадбената церемонија трае цел месец. Зар не знаеше?“, му одговорил лудиот Тарибо.
Две години претходно во Москва, пред финалето на Купот на УЕФА Вест го удрил тренерот Симони. Италијанецот барал од него да влезе на тренингот каде играле две екипи, а Вест го игнорирал а потоа му кажал: „Бог ми кажа да не го правам тоа“.
Од Москва, Занети и соиграчот Диего Симеоне морале да летаат во Буенос Аирес на собир на репрезентацијата. Преседувањето им било во Милано и Симеоне со себе го земал тригодишниот син Џовани (сега фудбалер на Џенова). Кога требале да полетаат за татковината, малиот го држел татко му за нога и урлал неконтролирано.
Од жал заплакала и Паула и му рекла на Занети: „Не сакам и нашите деца да растат без татко. Би сакала да имаме дете кога ќе бидеш послобден“. Како резултат на тоа Занети првпат станал татко на 32 години на 13-годишнина од врската со жена му.
Кога Интер играл во романскиот Брашов на слична ливада како тогаш во Москва на замрзнатиот терен на Динамо, играчите пцуеле. „Кај не донесовте? Овде не се трча!“ А Занети тогаш се вратил во детството и се сетил на депонијата со скапано овошје и скршени цигли која што ја чистеле со другарите за да играат.
Тоа бил нивен терен кој го нарекле Дизниленд и таму организирале турнири. Родителите на победниците им купувале шише црно вино и завиткано во сено му го врачувале на капитенот а потоа правеле скара.
Еднаш Алваро Переира, скапоплатениот фудбалер на Интер од Уругвај го прашал Хавиер: „Капитене, вчера гледав емисија за Док Суд, реон во Буенос Аирес. Си бил таму? -Да. Таму почнавме да тренираме со брат ми Серхио. ’Жал ми е капитене, ама’, -Што? ’Па зборуваа дека тоа е аргентински Бронкс: кражби, силувања, наркомани. Дури и една црква неодамна ограбиле маскирани луѓе’, -Боже, тоа црквата Санта Каталина каде ме крстеле’.
Како дете Занети играл во црвениот дрес на Индепендиенте, поклон од татко му. Хавиер сакал цел живот да го носи, како неговиот идол Рикардо Бочини, светски првак од 1986-та кој за Индепендиенте играл 20 години, цела кариера. Хавиер како мал играл во нападот, а потоа во одбраната а кога наполнил 16 години тренерот рекол: „Многу е слабичок, како костур е. Погледнете ги неговите раце. Жал ми е, извините, ама он нема да стане професионален фудбалер“.
Занети бил тежок 45 килограми. Докторот му кажал да јаде повеќе протеини - млеко, месо, јајца, но знаел дека Родолфо и Виолета, родителите на Хавиер немаат многу пари за тоа.
Родолфо Занети само климнал со глава и продолжил како што било обичај во семејството кое во Аргентина дошоло од северот на Италија, од регионот Фриули. Го земал синот под свое, Хавиер мешал малтер, носел канти со цемент, а навечер јадел манџи кои ги готвела мајка му.
По две години Родолфо рекол: „Сега си доволно силен. Време е да се вратиш во фудбалот“. Братот на Хавиер, Серхио тренирал во Таљерес и таму дошол и Хавиер. По краткиот тренинг, тренерот Норберто Д’Анџело му рекол: „Не си лош мали, ама има проблем. Ти кажале дека си слабичок? Во екипата има многу како тебе.
Кога слушнавме дека жената на брат ти те вика Пупи, решивме да те завикаме така.“
Занети го примиле да тренира со Таљерес, но на еден тренинг исцрпен за малку ќе паднел: „Уште ли носиш цигли?, го прашал тренерот. ’Не, јас сум млекар.’ -Од каде па сега тоа? ’Му помагам на братучед ми Карло. Татко ми имал 14 браќа и имам многу братучеди. Од четири сабајле до осум разнесувам млеко, сирење и јогурт.’ -А после спиеш? ’После одам на факултет, а од таму во теретана. -Колку заработуваш? ’80 пезоси на ден (помалку од 30 евра)“.
Утредента секретарката на газдата на Таљерес Педро Лучети го искуцала првиот професионален договор на Занети. 200 пезоси месечно, а по 50 за гол и победа. „Како се викаш? -Хавиер Алдемар. ’Хмм. Чудно. Алдемар се викал бразилскиот гинеколог кој ја породувал Виолета Занети кога бил загрозен нејзиниот и животот на Хавиер. Родителите во знак на благодарност го крстиле бебето Хавиер Алдемар.
За две години во Таљерес, Хавиер Алдемар ја запознал Паула, плејмејкер во женска кошарка, го пропуштил дебито поради тоа што 45 минути му каснел автобусот, играл во втората аргентинска лига против постариот брат и на крајот се преселил во Банфилд каде се радувал на еден наместен гол против Бока.
Вечерта по дербито со Бока гостувал во ток-шоуто Futbol де Primera кај познатиот водител Антонио Анџелило. Овој водител во минатото дал 17 гола за Интер, но се запознал со балерината Иља Лопез и се загубил во ноќниот живот на Милано поради што тренерот на Интер Хеленио Херера го избркал од тимот.
Во средината на ’90-те години Антонио се вратил во Интер и бил скаут за Јужна Америка. Новиот сопственик на клубот, Масимо Морати му побарал полушпиц а Анџелило го посоветувал да го купи Себастијан Рамберт од Индепендиенте но во исто време го препорачал и бекот на Банфилд.
Пред летот за Милано, Занети во бутикот „Ланус“ купил светла кошула, одело и чевли во кои не му било удобно во авионот. На првиот тренинг - ново неудобство: тренерот Отавио Бјанки го викнал во канцеларијата, извадил кутија тоскански цигари и бил немирен.
На голот бил Паљука, во нападот Бранка и Ганц, во средината Инс и Берти, зад нив Карбоне и Фонтолан, во одбраната Роберто Карлос и Пистоне, останале две места. “Каде сакаш да играш? -Само напред, мистер. ’Напред, а?“.
Таквиот иновативен однос во составот на Бјанки траел четири кола, а три гола постигнал левиот бек Роберто Карлос кој стигнал од Сао Пауло со силни бутини поради кои морале да шијат посебни шорцеви.
Најсмешно било во Купот на УЕФА: Во првото коло Интер загубил од Лугано на кој подоцна му позајмуваше играчи (Калон и Шалимов). Помалку од две години подоцна Занети со Интер ситгна до финалето на Купот на УЕФА.
Рој Хоџсон го извади во последната минута од продолжението, Хавиер на пат кон клупата му се изнавика на Англичанецот а Заморано и вториот голман Мацантини го натерале да му се извини на Хоџсон пред сите на клупата.
Хавиер од бекот Џанлука Фести кој заминал за Англија, купил куќа на брегот на езерото Комо. На крајот од новата сезона повторно му се пуштил на тренерот, но овојпат да го гушне по евроголот во новото финале на Купот на УЕФА против Лацио. Тренер тогаш бил Џиџи Симони, кој Занети го нарекува свој фудбалски татко.
Симони бил многу строг, па кај него попуст немал ниту Роналдо кој морал да се појавува на секој собир и на секој тренинг без исклучок. Симони му го донел првиот трофеј на Масимо Морати, а една недела пред финалето со Лацио судијата Чекарини не досудил пенал од Јулијано над Роналдо на мечот против Јувентус.
Интер ја изгуби титулата а пола година подоцна Симони добил отказ. Во 2009. година судијата ја признал грешката.
После една година по грешката на Чекарини, тренерот на Јувентус Марчело Липи стана нов стратег на Интер. И покрај присутните Бергоми и Паљука, тој за нов капитен го поставил Занети. На еден од првите тренинзи со Липи, Роберто Баџо дал еврогол, а Виери и Панучи тргнале да му честитаат.
Липи им свикал: „Мислите дека сте во театар? Овде работиме, не правиме циркуз“. Занети бил голем пријател со Баџо. Еднаш Роберто покажал видео кога биле на лов со Занети, но Хавиер не сакал да убива животни. „Што куче е ова? -Лабрадор, ти се допаѓа? ’Да, многу“, му одговорил Хавиер на Баџо.
После една недела Баџо го викнал Занети на вечера во Павија, а Аргентинецот на совозачкото место возел мал лабрадор.
Но Занети не можел да го смири Баџо со Липи и самиот го замрзнал односот со Марчело. Пред мечот со Јуве, Липи се поздравувал со играчите на тренингот: „Порано доаѓавте во Торино исплашени. Ако сакате сега тие да ни се плашат, мора да ги победиме“.
Сите молчеле само капитенот кренал рака: „Не е така мистер, никогаш не сме се плашеле од Јуве“. Следниот ден Интер изгуби 1:0.
Но тоа било на средина на сезоната, а новиот тренер Марко Тардели го разочарал Занети уште првиот ден. „Ти си капитен, така? Слушни ме, многу ја држиш топката. Давај ја најбрзо што можеш“. Интер со Тардели бил на 12. место, па играчите побарале од Занети да позборува со тренерот: „Имаме многу пропусти кога играме со тројца позади. Направи нешто“.
Интер брзо заиграл 4-4-2 на барање на Хавиер и брзо се качиле на 6. место. Пред дербито со Милан Тардели барал да се вратат во формација 3-5-2. По мечот Морати ја викнал цела екипа во канцеларијата.
Сите играчи седеле од една страна а од спротива Тардели и Морати. „Не мистер, вие сте должни да седите со нас. Ние со вас изгубивме вчера 6:0, а не со претседателот и сега сте должни да стоите овде со нас“. Вечерта Тардели барал од Морати да го продаде Занети.
Во меѓувреме решиле да го продадат: директорот на Реал, Хорхе Валдано го договорил трансферот со Габриеле Ориали, колегата од Интер. Новиот тренер на “Нераѕурите“ Хектор Купер бил солидарен со Тардели: „За Занети нема место во тимот“.
Откако го дознал сево ова, Хавиер му свртел на својот трансфер советник: „Што е работата? -Хави, можеби ќе ти биде потешко од претходно, но твојата судбина е Интер, а не Реал“, му одговорила Паула.
Во Милано од Буенос Аирес Занети летал со Хектор Купер: „Вистина ли е дека не ви требам, мистер? - Ти си луд човек. Прва работа што му реков на Морати е: Занети не е на продажба!“.
Поради повредата на Виери и Роналдо во еден момент, прв напаѓач на Интер стана Мохамед Калон од Сиера Леоне. Кога дознал дека Занети се занимава со хуманитарна работа, Калон му пуштил документарен филм за граѓанската војна во Сиера Леоне.
„Децата не можат да учат ни да играат фудбал, му рекол Калон. Немаат компјутери, знаат само за митролези и присилени се да убиваат други деца или да бидат убиени“ (Лани Калон основаше фудбалски тим во земјата по своето име и станаа шампиони).
Во првата сезона на Купер во Интер, Калон даде 9 гола и стана втор стрелец после Виери.
Во март 2002. година Интер беше прв, но во последното коло изгуби од Лацио чии играчи не земаа плата неколку месеци и беа во војна со навивачите. Сите тифози го тешеле Занети, го кривиле судијата Де Сантис што не свирнал пенал претходно против Киеви кога изгубиле два бода.
„Преку глава од тие приказни (за делата на Моџи). Тоа беше наш меч и моравме да победиме на теренот“, го цитирал Занети авторот на книгата ’Во главата на капитенот’, Матија Тодиско. „Мораше подобро да почнеме и да играме машки, но гласините за Моџи многу не одвлекуваа. Кога Јувентус го исфрлија од Серија А не бев многу среќен. Тоа беше скандал и тажна страница во историјата на италијанскиот фудбал.
Со Роберто Манчини, Хавиер првпат стана шампион на Италија но пред летниот одмор 2008. година му ѕвонел непознат број. „Здраво. Овде е Жозе Мурињо. Извини за мојот италијански, само три недели го учам, но до Божиќ ќе го научам перфектно. Ти се јавив само да ти кажам дека јас сум нов тренер на Интер, а ти ќе бидеш мојот капитен. -Супер. Мило ми е. Но зошто Италија? ’Затоа што живеам за нови искуства“, му рекол Жозе.
Пред легендарниот дуел против Барса во полфуфиналето на Лигата на шампионите 2010-та, Мурињо го сменил тонот со играчите: „Нив ги одржува страста, а нас сонот. Нашиот сон е почист од нивниот посед на топка. Кога ќе излезам на ’Камп Ноу’ навивачите ќе ме мразат, ќе ме плукаат, пцујат, ќе ми свират, но ајде да излеземе на терен и да го оствариме својот сон.
„Што мислиш ти, Пупи? го прашал Валтер Самуел. -Ќе победиме Погладни сме од Барса. Финалето на Лигата на шампионите во Мадрид беше 700. меч на Хавиер Занети за Интер. За 15 години тој одиграл повеќе од 1.000 часа за екипата и 45 полни денови. По триумфот над Баерн Минхен, Занети го крена највредниот пехар и му го предаде на Масимо Морати кој беше со тимот на подиумот. „Сега сте израмнет со татко ви“, му викнале новинарите на Морати а тој одговорил: „Не, тој освои два трофеи во Куп на шампиони, но јас сум горд што со мојот Интер го освоив третиот трофеј“.
По славната сезона, Интер го чекаа неколку сиви години. Беа седмопласирани, па осми на табелата. На еден меч против Палермо, Словенецот Јосип Иличиќ тргнал во напад, Занети по него и по еден дуел со противничкиот играч Салваторе Ароника, Хавиер се фатил за лице и направил болна гримаса.
Наместо 40 дена пауза докторот Франко Комби му кажал дека е повреда на Ахиловата пета. Два месеци подоцна, на Аргентинецот му стигнала смс порака од Тоти: „Хавиер те очекувам на следниот меч против нас. Ќе ги замениме клупските знаменца“.
Тоти не можел да замисли дека капитен на Интер ќе биде некој друг...