„Она што ги разликува Американците од останатите култури во светот е што сме толку ебено глупави. Земјава постои само неколку стотини години а ние мислиме дека сме јаки фаци. Не ни сфаќаме дека некои други земји имаат илјадагодишни истории и култури и дека се горди на тоа.
Кога такви ќе настапиме на меѓународна сцена, со една надворешна политика која сака да покаже дека, уху, ние сме нешто големи и јаки, тие мора да паѓаат од смеење, бидејќи ние сме ништо.
Ние културолошки сме ништо, ние ништо не значиме. Секоја друга земја има своја уметност, своја музика, своја драма, свои фолк танци и фолклор и сето тоа нешто значи за нив и затоа се горди на тоа. Тоа е нивно етничко наследство.
Ние имаме Левис, фармерки, имаме хамбургер, Кока кола, Рео Спидвагон и Џоурни, имаме ова, имаме она... ама ќе излеземе и ќе им кажеме, да, ама ние имаме и атомски бомби и отровни гасови па може нешто ќе надокнадиме со тоа.
Жално е кога така ги оценуваме работите. Мислам дека земја која не прави нешто за да ја одржи својата култура, каква и да е таа, која не инвестира во неа и не е горда на тоа, можеби и не треба да постои.
**********