Заради исти проблеми како и на остатокот од континентот, ирската паланка Бушмилс (да тука го прават и вискито) завршува со еден куп затворени локални бизниси и продавници. Локалците никако не можат да се помират со депресивниот изглед на местото.
Иако не негираат дека и помагале на НСА, проблемот на двете компании е што цело тоа време тие биле спречени од агенцијата да ја известат јавноста какви податоци даваат и за што.
Денес разликата во приходите меѓу црнците и белците во САД само станала полоша отколку пред 50 години, во времето кога Мартин Лутер Кинг го одржа својот легендарен говор.
Продолжувајќи ја најглупата кавга меѓу половите (војска версус раѓање), медицински експерт близок на Фокс предложи жените да плаќаат повеќе за здравствено осигурување бидејќи имаат цицки и разни други дрангулии.
Џорџ Прочник во Њујорк Тајмс моли за тишина и пишува дека секојдневната бучава на модерното живеење ни го гризе здравјето и ја убива човечката мисла. Кетлин Волдман во Слејт реагира: Дај заќути.
На интернет се прават пари од продажба и се продава многу стока, меѓутоа главен проблем на онлајн шопинг индустријата е што ова му успева само и само на Амазон.
Дечко кој повеќе од 11 години е персонален фитнес тренер, напнат од тоа што сите му зборат за успешни и магични диети или фитнес програми кои даваат резултати за 30 / 60 / 90 дена и тоа го докажуваат со слики, решава на сите да им го скрши филмот околу тоа како функционира целата пред и потоа фотографија.
Генијалниот Џон Клиз веројатно се помалку верува во химната на својата дружина "Always look on the bright side of life". Она што мора да го прави на свои 73 години за да исплива од разводот, британските медиуми го најавуваат со: "And now, something completely DESPERATE".
Најк има огромен маркетинг буџет и галантно им потпишува милионски чекови на спортски супер ѕвезди. Пума за маркетинг одвојува уште повеќе од Најк. Дава и Адидас, но пропорционално, помалку од нив. Ама затоа германската фирма има други финти.
Секоја нова генерација на богаташи има свој фетиш на кој сака да ги троши парите. Во 80-те, Јапонците се палеа на купување на Рокфелер центарот, во 90-те Русите сакаа да купуваат секакви недвижнини низ Европа, минатата деценија принцовите од Емиратите градеа скијалишта низ пустини. Сега е ред на Кинезите.
Откако се ослободи содржината на една врска (маж-жена, маж-маж, жена - Ајфелова кула), на ред е да се еманципира и бројката. Сексолози сметаат дека моногамијата ќе го изгуби својот монопол за само десетина години.
Основачот на Пејпал и Тесла моторс ги претстави деталите од својот транспортен систем хиперлуп кој треба да ги поврзува Лос Ангелес и Сан Франциско. Ќе дојде ли кај нас и кои денови ќе биде бесплатен за пензионери?
Во некои од американските кругови постои загриженост од фактот што фертилитетот на американската жена е на рекордно ниско ниво. Па паника што ќе стане со нацијата и слично. Разумните потсетуваат дека наместо за бројките, попаметно е да се води сметка за поддршка на постоечките семејства.
Дури и кога би имале пари како што немаме, пак би имало место каде да ги потрошиме. Секако додека тоа не се оствари, фино е човек да има букмаркси за трошење многу пари.
Компанијата Амазон секоја една минута има нарачки во вредност од 83 илјади долари, и за сите нив се грижат нешто помалку од 100.000 луѓе вработени (платата е 11 долари на час) во нивните центри за дистрибуција. Сето ова се одвива со роботска прецизност, ова е сведоштво на еден нивен вработен.
Адвертајзинг гигантите Публицис со седиште во Париз и Омникон - Њујорк објавија дека се спојуваат создавајќи компанија со 130.000 вработени, вредна преку 35 милијарди долари.
ЕУ прописно се згрози од аферата околу прислушувањето американски граѓани од нивната национална безбедносна служба та дури и се закани со затегнување на трговските односи со САД заради одбрана на граѓанските слободи. ОД Америка стига одговор: "А да не ни глумите монахињи"?
За сите мудреци кои веруваат дека една од мерките за создавање на НОВИОТ човек е зголемување на даноците на алкохолот затоа што на тој начин тој ќе им стане помалку достапен на луѓето, еден течен пример од Русија.
Твитер се претвора во еден од претпочитаните медиуми за промовирање и организирање на бизнисот со сексуални забави во Британија, објавуваат тамошните медиуми кои детално ја провериле целата работа.
Не само што летно време се намалува нашата продуктивност затоа што едноставно сакаме ништо да не правиме, туку во овој период нашиот мозок буквално овенува.
СИМ картичките се убедливо најнепробојниот елемент на мобилниот телефон во однос на безбедност. Барем така беше се додека еден Германец не седна цели 3 години да ги проучува.
Џонатан Филипс од Универзитетот Јеил и Ерик Манделбум од Универзитетот Харвад разговараат за психологијата што Фокс ја користи за спречување на критичкото размислување.
Во она што е на добар пат да стане најмасовниот штрајк со глад во САД, затворениците во 20 од 33-те затвори во Калифорнија вчера го одбија својот прв оброк.