Дон Карло Анчелоти на одмор

Карло Анчелоти, најтрофејниот тренер во Лига на шампиони кој како играч и тренер дури 7 пати го кревал трофејот од највредното клупско натпрварување, периодов ужива во САД на одмор со сопругата Марина. Заслужено после шампионска титула со Реал Мадрид во Ла Лига и во Лига на шампиони.

Анчелоти дел од одморот го минувал во Монтана, во САД, во некое местенце со 800 жители каде посетил и некој локален салун. Барем така вели една негова слика на друштвените мрежи.

А знае и да ужива со сопругата Марина:

1 јули 2024 - 10:14