Карстен Нол анализирал околу 1.000 различни СИМ картички, при што открива проблем кој може да загрози околу 750 милиони мобилни телефони низ светот.
Станува збор за грешка од два дела, која се базира на стар стандард за безбедност и лошо конфигуриран програмерски код. Ова дозволува далечински пристап до СИМ картичката за следење на повиците кои се направени од телефонот или недозволено испраќање на СМС пораки.
"Дајте ми кој било телефонски број и постои шанса дека за неколку минути подоцна ќе можам комплетно да ја контролирам неговата СИМ картичка, па дури и да направам нејзина копија," изјавил Нол за Форбс.
СИМ картичките во основа се мини компјутери со сопствен оперативен систем и однапред инсталиран софтвер. За безбедност тие го користат криптографскиот стандард ДЕС (digital encryption standard), создаден од ИБМ во 70-те. Своите откритија Нол официјално ќе ги претстави на 30-ти јули на Блек Хат конвенцијата во Лас Вегас.