Украински воени дронови погодиле ирански трговски брод во Касписко Море. При експлозијата загинал еден морнар.
Техеран го опиша нападот како чин на агресија и објави дека ќе ги брани своите национални интереси и безбедност. Го обвини Киев дека се обидува да ја прошири својата војна со Русија.
Шефот на дипломатијата Абас Арагчи протестирал до Обединетите нации и ЕУ и ја повика меѓународната заедница да го осуди украинскиот напад. Тој истакна дека Иран никогаш досега не интервенирал во војната помеѓу Русија и Украина.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно соопшти дека Киев постигнал „многу добри резултати“ со напади со голем дострел во Касписко Море, при што биле погодени бродови за транспорт на воен товар во кој е вклучен Иран, како и еден воен брод. Меѓу целите не го спомна иранскиот трговски брод.
Зеленски додаде дека Русија му пренесува на Иран извидувачки сателитски снимки од Блискиот Исток за да му помогне во војната против САД.
Не сите веруваат дека отстранувањето на Хуанг Јенсен од Нвидиа се сведува на крими-трилер приказна каква што ѝ се нуди на јавноста, приказна за убава, згодна и вешта кинеска шпионка инфилтрирана како љубовница на кралот на чиповите.
Еден од таквите е Дејвид Сакс - поранешниот цар за вештачка интелигенција на Трамп, кој сега е копретседател на Советот на советници на претседателот за наука и технологија.
Во подкаст со уште неколку ИТ познавачи, се потсетува дека Јенсен беше еден од најголемите корпоративни опен сорс поддржувачи што беше голема главоболка на еден влијателен блок луѓе кои сакаа моделите и чиповите да се под построга контрола.
Шпионската приказна била само средство да се исполни главната цел.
Сенаторот Рубен Галего (демократ од Аризона) изјави дека „убавината“ на речиси петгодишната руско-украинска војна е во тоа што САД „им плаќаат на Украинците да убиваат Руси“.
Галего, кој пред да влезе во Сенатот, десет години беше во претставничкиот дом, на Икс напиша дека Украина може да ја добие војната ако нејзините сили убијат доволно Руси.
„'Украина не може да победи' е руска приказна. Затоа што Русија била голема, бла, бла... Ако Украина убие доволно Руси, ќе дигнат раце“, напиша тој.
Кога во коментар доби предлог да ѝ се придружи на украинската легија на странци, Галего одговори: „Не, тоа е убавината на ова; можеме да им платиме на Украинците да ги убиваат Русите“.