Се гаси „Портата кон пеколот“ во Туркменистан, се отвори друга во Венецуела
24 јули 2026
- По 54-години горење, се гаси „вечниот“ оган од кратерот Дарваза во Туркменистан, кој со времето стана туристичка атракција позната како „Порта кон пеколот“. Интензитетот на огнот за три години се намалил за 75% откако беа ископани нови бунари за да ги ослободат резервите на метан.
- Огнот во 1971 година го запалиле советски инженери за да затворат неупотреблив извор на гас од пештера, но не процениле колку се големи резервите.
- Додека се гаси огнот во Туркменистан, се отвори нова на другиот крај на светот - во Венецуела. Селани од местото Мачадо побарале помош откако од пукнатини во земјата се појавил оган.
- Геолози и експерти од Цивилната заштита утврдиле дека се запалиле резерви на јаглен кои поради лизгање на земјиштето дошле во контакт со кислород. Се утврдува длабочината и површината на јаглената жила за да се направи стратегија како да се изгасне огнот.
- „Нема потреба од тревога меѓу населението. Ова е целосно сув предел, без вегетација што би овозможила ширење на површински пожар“, објасни Канал Јеснардо, директор за цивилна заштита во регионот Тачира.