По 50 години горење, Бердимукамедов бара гасење по основа економски и еколошки проблеми.
Тој објаснува дека опожарениот кратер „негативно влијае и на животната средина и на здравјето на луѓето што живеат во околина.“
„Губиме вредни ресурси кои можат да ни донесат значителен профит и да ги искористиме нив за доброто на народот,“ изјавил Бердимукамедов.
И покрај алармирањето, претседателот на Туркменистан не даде рок до кога треба да биде завршена работата.
Во 1971 советски геолози почнуваат истражувања во пустината Каракум во близна на селото Дарваза, во потрага по резерви од природен гас. Не знаејќи платформата ја местат над пештера со гас. Како што почнуваат да дупчат така платформата пропаѓа во пештерата и се отвора кратерот.
За да спречат ширење на опасните гасови од пештерата, советските геолози решаваат да ги запалат, процените им се дека тие за неколку дена целосно ќе изгорат. Се работи за кратер со дијаметар од 70 метри и длабок 20 метри.