Претседателот Бердимукамедов им нареди на експертите на Туркменистан како знаат да го изгасат 5-деценискиот пожар сред пустина кој започнува во 1971 кога советски геолози почнуваат да бушат во потрага по природен гас.
Парада ко парада, кој што има тоа вади. Само овие го имаат и Гурбангул Бердимухамедов за претседател, кој низ годините се покажува како сосема достојна замена (колку може) на легендарниот Сапармурат Нијазов.
Секаква употреба на зборот „коронавирус“ од сега е забранет во Туркменистан, а заедно со тоа се забранува и носење маски во јавност. Може ќе изгледа како коинциденција, ама Туркменистан е и една од ретките држави кои до сега немаат пријавено ниту еден случај на коронавирус.
Во некои други земји, ваква глупа забрана евентуално би се правдала со климатски причини, глобални затоплувања и слични модерности. Во Туркменистан нема потреба од тоа. Таму претседателот, просто, сака бели автомобили.
Преголемиот и премудар Туркменбаши доживува слична судбина како титовата, кому заклетвата "да са твога пута не скренемо" му ја раскурцаа уште Броз неизладен. Осум години откако се упокои Сапармурат Нијазов, Туркменистан и наследникот на неговиот трон се дрзнаа да му свртат грб и да се дистанцираат од неговото иделошко наследство. Убав повод да се потсетиме на нашиот омилен диктатор на сите времиња.
Во 2006-та почина претседателот на Туркменистан и невиден мегаломан во слободно време, Сапармурат Нијазов. Него го наследи Гурбангули Бердимухамедов, мегаломан од слични размери. Во земјата сè е како Сапармурат никогаш да не умрел.