Веста ја пренесуваат Репортери без граници, и според нив полицајци во цивилка веќе апсат луѓе кои на улица носат маски или разговараат за пандемијата во јавност.
Прв сосед на Туркменистан е Иран, една од земјите која беше најлошо погодена од коронавирусот. Останатите држави во Централна Азија веќе имаат стотици потврдени заболени од коронавирусот.
„Забрана на терминот ’коронавирус’ може нам ни изгледа вулгарно и екстремно. Меѓутоа во реалноста кога државата ги контролира сите медиуми и сите дигитални влезови и излези, ова не е нешто посебно ново.
Моја претпоставка е дека тие ќе се обидат и ќе ја држат пандемијата скриена се додека можат,“ објаснува Александер Коли, експертот по централноазиска политика на Универзитетот Колумбија.
Процената на Коли е дека владата најверојатно очекува масовен крах на економијата во претстојните месеци, бидејќи приходите на земјата во голем дел зависат од продажба на природен гас на Кина.
Пред да го забрани коронавирусот, владетелот на Туркменистан, Курбангули Бердимухамедов, наводно им понудил на своите граѓани излез од вирусот со лекарства од книгата што тој ја напиша на тема медицински растенија.