Додека чекаат "економски напредок" локалните власти решија да ја развеселат секојдневницата, па на затворените дуќани во центарот на Бушмилс им ги прецртаа излозите за да изгледаат како живи и функционални продавници.
Освен тоа беа пресликани и прозорците и вратите на неколку празни куќи кои би требало малку од малку да ја разбијат монотонијата.
Целата работа е дело на "Brighter Bushmills Project" кој минатата година го основаа тамошните жители со поддршка на локалниот совет. До сега тие за разубавувањето успеаа да соберат околу 30.000 фунти.