Постојаниот консултант за медицински прашања на тв станицата Фокс оцени дека политиката на Обама за форсирање на родова рамноправност во здравственото осигурување е погрешна бидејќи мажите имаат "само простата" а жените "и гради и јајници".
Сериозно, не го кажувам ова само како маж. Жените прават неброени превентивни скенирања, раѓаат, прават мамограми, пап тестови.... А ние мажите одиме на доктор само кога мораме. Зошто да плаќаме исто?", праша експертот на Фокс.
Како дополнителен аргумент во оваа насока беше потегнат фактот дека жените подолго го користат здравствениот систем од мажите бидејќи просечно живеат 81 година, наспроти 76-те на мажите.
Панелот на десничарската телевизија се согласи дека поради сето ова, мажите би требало да добијат некаков попуст за здравствените услуги.