Илузијата на успехот на пред и потоа фотките

Дечко кој повеќе од 11 години е персонален фитнес тренер, напнат од тоа што сите му зборат за успешни и магични диети или фитнес програми кои даваат резултати за 30 / 60 / 90 дена и тоа го докажуваат со слики, решава на сите да им го скрши филмот околу тоа како функционира целата пред и потоа фотографија.

Зборувајќи за успехот и популарноста на новите фитнес програми, тој објаснува дека сето тоа се должи на одличниот маркетинг и начинот на кој тие се презентираат, најчесто преку пред и потоа фотографии од фантастични трансформации.

"Пред да кажам дека сето тоа не чини, сакам да расчистиме дека навистина постојат некои многу импресивни, вистински трансформации. Она што ми е проблем се трансформации кои се манипулирани во Фотошоп, со професионално осветлување, држење на телото кое го деградира или подобрува изгледот, солариум, вовлекување или дување на стомакот, стегање и пуштање на мускулите за да добиеш оптимален изглед," пишува Ендру Диксон за Хафингтон Пост.

Неговиот став е дека се потребни години и години конзистентно вежбање за да се добијат долготрајни резултати. Тој објаснува дека освен манипулациите, од сликите не може да се види дали човекот во тие 90 дена ги намалил калориите до ниво на глад, кои се групи на храна ги скратил од исхраната и дали после 2 недели од фотографијата тие се вратиле на старата килажа.

"Решив да направам мои фотографии од трансформација, за да видам што се е можно да се направи со неколку лесни адаптации. Пред 6 месеци имав околу 84 килограми и 16% масти. Дента се чувствува посебно надуен па и реков на девојка ми да ја направи 'пред' фотографијата. По ова ја избричив главата, лицето и градите и се подготвив за 'потоа' фотографијата, која беше само еден час по 'пред' фотографијата. Направив неколку склекови, се кренав на вратило, го променив светлото во спална, ги стегнав стомачните и БУМ! Ја имаме и потоа фотката. Како што можете да видите, не сум бодибилдер, ама имам доволно мускули на мене за да фатам некои сенки од осветлувањето над глава." објаснува Диксон.

Некое време подоцна Диксон го прави истото меѓутоа сега им 90 килограми, 19% масти и во еден ден прави 5 слики од трансформацијата. Сето ова го има направено за помалку од еден час.

"Не се обидувај да изгледаш како кој било од фотографија со трансформација. Инспирирај се, ама не се разочарувај ако себе си не се гледаш на ист начин како што ги гледаш овие модели. Заборави ги брзите трансформации и фокусирај се на живот со здрава исхрана, добро менаџирани нивоа на стрес, квалитетен сон и многу движење," им препорачува Диксон на сите што почнуваат со вежбање.

26 август 2013 - 17:22