Мејлот и понатаму останува најмасовно користениот сервис на интернет со 204 милиони мејлови испратени во една минута, на второ место (по тоа колку се користи во 1 минута) е Гугл со 2 милиони пребарувања.
Кај тешкашите од социјалните медиуми, во 1 минута најмногу се трошат Фејсбук лајкови - 1,8 милиони. За истиот период се испраќаат 278.000 твитови, на ЈуТјуб се качуваат 72 часа видео, а во рок од една секунда на Инстаграм има 3.600 нови слики.
Што се однесува до пари, за овој период Амазон прави продажба на стока во износ од 83.000 долари, а на Ајтјунс се симнуваат 15.000 песни (просечна цена на песна е околу 99 центи).