Шарените од БЛМ ги толерираа додека демолираа градови, ама затоа на овие што ги симпатишат камионџиите им пуштија коњица. Не беше бадијала, успеаа да прегазат - баба. Истовремено, нивното МНР твиташе во одбрана на протестните права во Куба. Неверојатни времиња за живеење.
Вон сите очекувања, на неколку дена пред 15-годишницата на власт, претседателот Гурбангули Бердимухамедов објави вонредни претседателски избори во Туркменистан на кои ќе се кандидира син му.
Министерствата за образование и финансии на Кина составија список од 331 дисциплина во која 147 универзитети од земјата имаат фора до 2030 за да постигнат „првокласен стандард“.
Анализа на тоа до што доведе некогаш клучниот слоган на американските протести за дефундирање на полицијата, еквивалент на овдешниот „Нема правда, нема мир.“ Сега таму размислуваат како полицијата да се „рефундира.“ Овде е поинаку, овде дојде правда.
Јапонски научници користат суперкомпјутер за да откријат дека муабет на пола метар дистанца без маска е речиси без промашување гарантирано заразување со омикрон.
Иако не се работи за некој директен прекршок, руската редакција на ДВ на крај заврши на отстрел како одмазда за гасењето на германската верзија на руската РТ.
Прво Нил Јанг му даде ултиматум на Спотифај дека ќе ја повлече својата музика ако не го тргнат подкастот на Џо Роган. Потоа, Спотифај одлучи да го задржи подкастот, па Јанг ја повлече музиката. За сега ова се заокружува со „акција“ од Амазон мјузик за 4 месеци гратис претплата за сите фанови на Нил Јанг.
Подкастот на Џо Роган на Спотифај минатава недела беше под звучни критики дека содржел „опасни дезинформации“ за ковид. „Многу работи кои пред некое време ги сметавме за дезинформации, денес се факти. Пред 8 месеци да кажевте дека и вакциниран можете да се закачите и да ширите ковид, ќе бевте отстранети од социјалните медиуми“, поентира Роган.
Старите песни во моментов претставуваат 70 отсто од музичкиот пазар во САД. Оние кои живеат од нова музика - особено загрозениот вид познат како музичар - нема многу леб да се најадат. Сиот пораст во музичкиот свет денес доаѓа од старата музика а најголемите инвестиции се во купување каталози на автори кои се или починати или имаат 70-80 години.
Поранешниот мајор на руската тајна служба ФСБ со 12-годишен стаж, Александр Чумаков, во декември 2021 дава отказ на позицијата затоа што повеќе не сака да биде Александр туку сака да биде Катерина.
До сега нема докази дека вакцините го намалуваат ширењето на заразата со за сега најбрзата варијанта на ковид-19, пишуваат нобеловецот Монтање и Рубенфелд во текстот за Вол Стрит Журнал.
Во првиот работен ден од 2022, Епл ја достигна историската граница од три илјади милијарди долари пазарна вредност. Со ова Епл успеа за три пати да ја зголеми својата вредност од 2018.
Капсулата на Мерк имала слаби резултати на тестовите па Франција се откажува од набавка на терапијата, и сега се крстат во решението на Фајзер, чии први резултати треба да бидат готови кон крајот на јануари.