- Проблемот со Бугарија, преку проблемот со Грција, го создаде „нашата“ власт, која патем не победи на избори, што значи нема мандат за вакви преговори, а сето тоа и по неуспешниот референдум на 30 септември 2018, кoга народот кажа што мисли по овие прашања.
- Бугарија сега го прави тоа што го правеше Грција пред неколку години. Веројатно повторно ќе се најде и некој Никола Димитров, кој надвор од своите овластувања ќе го потпише „бугарскиот“ договор и ќе се надеваат на кратката меморија и политичката истоштеност на Македонецот.
- Шовинизмот на Балканот никогаш не бил пожив, но завиткан во една дипломатска, европска, пропагандна обланда, манифестиран преку изобилие на фиктивни ветувања, со тоа правејќи го привлечен и евентуално неприметлив.
- Откако Зеленски гневно реагираше на договорот за дизел меѓу американскиот и рускиот претседател и го нарече „апсолутно ужасен“, Доналд Трамп фрли политичка фатва на негова адреса и порача дека е време Украина да добие нов претседател.
- Трамп кажа дека на Украина ѝ е потребен претседател кој знае да преговара и да постигне договор за крај на војната. Зеленски имал многу такви шанси и никогаш ниедна не искористил.
- Трамп ги критикуваше и украинските потези да се напаѓаат руските рафинерии бидејќи тоа нанесува штета многу подалеку од границите на Русија.
- Американскиот претседател нафрли уште една важна оценка за војната во Украина: „На воен план, таа војна е изгубена за Украина, само што тоа нема да го дознаете ако читате лажни вести“.
- Големи се разликите во рејтинзите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ и на нивните лидери Христијан Мицкоски и Венко Филипче, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата Маркет вижн во периодот од 11 – 27 септември на примерок од 1.200 испитаници.
- На прашањето „за која политичка партија ќе гласате на наредните избори, 19,3 отсто одговориле дека ќе гласат за ВМРО-ДПМНЕ, 5,6 отсто за СДСМ, а рејтинзите на ДУИ и на Влен се изедначени – 4,2%.
- 41 отсто од испитаниците изјавиле дека нема да излезат да гласаат, не знаат дали ќе излезат на гласање или не сакаат да одговорат на ова прашање.
- И кај лидерите, довербата за Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, (20,4%) е во голема предност пред довербата во Венко Филипче, претседателот на СДСМ (3,8%), пренесува МКД.мк.
- Од опозициската партија оценуваат дека објавените бројки покажуваат пад на поддршката за владејачката партија, споредувајќи го нејзиниот актуелен рејтинг со резултатот на последните парламентарни избори, пренесува Локално.