- Се работи за 20 милиони банкноти од по 1000-ка и 10 милиони банкноти од по 2000 денари, кои се со вкупна вредност од 40 милијарди денари или 650 милиони евра.
- Тендерот го добива британската компанија „Де Ла Руе интернешнл лимитед", за што тие ќе наплатат околу 1,5 милиони евра. Цената е со испорака до трезорите на НБРМ.
- Од НБРМ изјавуваат дека количината на пари што ја печатат не е заради очекувана инфлација или пуштање дополнителни суми во оптек, туку прво да се заменат постојните оштетени банкноти од 1000 и 2000 денари, и второ за да имаат резерва од банкнотите за понатаму кога ќе треба да менуваат.
- Од денеска водата во Гостивар е безбедна за пиење.
- „Последните добиени резултати покажуваат дека водата е микrобилошки и бактериолошки исправна. Со тоа се исполнети условите водата повторно да се користи за пиење“, изјави директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство.
- На граѓаните им се препорачува пред да ја користат за пиење, водата од чешмите добро да ја истечат.
- „Изгледаат како варени. А не се работи за само една или две ниви,“ вели земјоделец од јужнокорејскиот округ Јанг за своите насади со компири кои за само неколку дена екстремни температури станале меки и почнале да се распаѓаат.
- Во градот Јангсан, на втори август била измерена највисока температура во земјата откако започнале современите мерења. Топлотниот бран е поврзан со најмалку 31 смртен случај, угинале над 900.000 грла добиток и 1,4 милиони одгледувани риби.
- Во Јапонија за првпат бил прогласен „брутално топол ден“ а топлотниот удар бил смртоносен за три лава во Зоолошката во Токио.
- Хонг Конг летово измерил највисоки температури од кога тие почнале да се мерат во 1884. година.
- Екстремните топлини ги погодија и Кина каде во градот Ксинјанг се измерени 50 степени и Северна Кореја која има ноќи во кои температурата не паѓа под 25 степени.