Најголемите 10 тендери во текот на минатата година заедно чинеле дури 200 милиони евра, покажува рангирањето направено од страна на БизнисМрежа.мк. Нарачатели на 8 од 10-те најголеми тендери се државни и јавни претпријатија, а две се приватни компании кои вршат јавна дејност – „Производство на топлина Балкан енерџи“ и „ЕВН Македонија“.
„Производство на топлина Балкан енерџи“ е на врвот на листата со јавна набавка склучена на 28.12.2021 од околу 70 милиони евра. Станува збор за рамковна спогодба со фирмата која всушност и е компанија-мајка.
На тендерот и на ЈП за државни патишта и на ЈП за одржување и заштита на магистрални регионални патишта победник е Илинден АД Струга (30 милиони евра).
За втора фаза на тетовскиот театар (кој е високо на црнаta листа за неплатени долгови) отишле 23 милиони евра.
Министерството за здравство склучило договор со веледрогеријата „Д-р Пановски“ за биолошка моноклонална и таргет терапија за 21.650.000 евра.
Град Скопје склучил договор со Жикол за 18.500.000 евра.
Десетици илјади луѓе демонстрираа на централниот плоштад во Загреб поради тоа што владата не почнала со расчистување на повеќе од 30.000 тони отпад кој ја загадува водата и природата во Лика.
Лани на локација близу Госпиќ беа откриени меѓу 34.000 и 37.000 тони отпад – од кој голем дел бил увезен од Италија во 2023 и 2024 година. Владата вети дека ќе ја исчисти локацијата, но еколошките групи тврдат дека е постигнат мал напредок.
Вјекослав Бушиќ од иницијативата „Госпиќ е наш дом“ побара од Владата во рок од 20 дена да претстави сеопфатен план за санација на загадените локации, со јасни и обврзувачки рокови. Организаторите на маршот бараат отстранување на 33.000 тони закопан отпад во рок од три месеци, итна забрана за увоз на отпад во Хрватска и одговорност за пропустите.
„Мора итно да ја утврдиме одговорноста на сите оние што молчеа и не презедоа ништо. Тука не смее да има компромис“, истакна Бушиќ.
Американските бизнисмени стравуваат од пад на продуктивноста во втората половина на ноември, кога ќе биде објавена видео-играта Grand Theft Auto VI - првото ново продолжение од популарниот серијал по 13 години.
Со речиси 5 милиони нарачки ширум светот, излегувањето на играта на 19 ноември се очекува да повлече значителен дел од работната сила – феномен кој според Вол Стрит Журнал е рамен на неофицијален празник.
Слична ситуација имаше и во 2015 година, кога по пет години пауза беше објавено четвртото продолжение на играта Fallout. Производителот тогаш заедно со играта нудеше и лажни лекарски оправданија за отсуство од работа.
Неодамнешно истражување спроведено на над 2.000 гејмери покажа дека ноќните сесии на играње видеоигри во просек доведуваат до пад на продуктивноста од два часа следниот работен ден, со што се генерира загуба од 5,1 милијарда долари на ниво на САД.
Дури и Армијата на САД се вклучи во еуфоријата. Војници од 9-тиот инженерски баталјон на бригадата во Форт Стјуарт, добија известување дека секој војник што ќе го продолжи договорот за служба до 14 ноември ќе добие четири слободни дена за да може да се посвети на GTA VI.