- Сите нови и обновени згради во ЕУ, освен паркинг места, наскоро ќе мора да имаат и полначи за автомобили.
- Во новата регулатива за енергетските својства на зградите се предвидува тн. паметно полнење (да се полни кога цената е пониска, кога има поголеми количества енергија од обновливи извори а во догледно време и да се враќа струја во мрежата).
- Се очекува до 2030 година во ЕУ да има 30 милиони електрични автомобили.
- Парламентот на Аргентина изгласа закон со кој ѝ се забранува на Централната банка да печати пари за да ги покрие владините трошоци. Банката е ограничена на својата основна мисија да ја одржува вредноста на националната валута.
- Ова е еден од клучните чекори во стратегијата на претседателот Хавиер Милеи да ја запре инфлацијата, која во времето на претходната администрација во 2023 година надмина 200%.
- Под водство на Милеи, Аргентина ги намали владините расходи и инфлацијата, но се зголеми сиромаштијата.
- „Заврши времето на Централната банка која финансираше политичка кражба преку печатење пари. Заврши монетарната катастрофа во Аргентина. Завршија 91 година измами“, соопшти претседателот.
- Талибанските власти дале нова директива жените во Авганистан да не бидат ословувани по име, туку по прекари.
- Здравствените работници во провинцијата Балх добиле насоки да ги запишуваат жените како „биби“ (баба) кога им издаваат рецепти за лекови.
- Лала Османи, авганистанска активистка која живее во Германија, изјави за „Ел Паис“ дека Талибанците ги ословуваат жените како „кози“ и „крави“. Во официјалните документи често пати се регистрираат според имињата на нивните мажи или татковци.
- Во многу делови на Авганистан, јавното спомнување на име на жена се смета за навреда за честа на нејзиниот сопруг или семејството, поради што имињата не се врежуваат ни во надгробните споменици.
- Ова се надоврзува на новиот кривичниот законик со кој на мажите им се дозволува да ги тепаат своите жени и се озаконуваат браковите со деца.