Разочарувачките резултати од тестовите на првата капсула против ковид се причината зошто француската држава се откажа до соработката со Мерк. Сега тие се крстат во решението на Фајзер, чии први резултати треба да бидат готови кон крајот на јануари.
Франција е прва држава која јавно објави дека ја откажува нарачката за терапијата на Мерк откако нивните тестови покажаа дека лекот е далеку понеефикасен од тоа што претходно се сметаше.
На француските тестови, терапијата на Мерк ја намалила хоспитализацијата и смртните случаи кај високоризичните пациенти за околу 30%. Франција требаше да купи 50.000 дози од молнупиравир терапијата на Мерк. За откажувањето од нив нема да се плаќаат пенали.
Од Мерк изјавиле дека продолжува да работи со ЕМА, и дека има договори за продажба на лекот на околу 30 држави, а на 12 веќе им има испорачано.
Наместо од Мерк, Франција сега најави дека ќе купи од Паксловид терапијата од Фајзер која на тестовите покажала „речиси 90% ефикасност во спречување на ковид-19 хоспитализации и смртни случаи кај високоризични пациенти“.