- Сите балкански општества имаат мултиетничка димензија, некои европски држави и многу понагласена, ама и покрај тоа никој не го оспорува нивниот национален карактер.
Единствено Македонија е третирана како експериментална конструкција подложна на радикални уставни промени.
- Во име на демократијата се етаблира етнократијата, всушност трибализмот, племенските заедници. Во име на унитарноста се направи територијална поделба на државата. Во име на правичноста на малцинствата се промовира историска неправда над Македонците. Во име на европските вредности се применуваат нецивилизирани законски решенија.
- Северна Македонија дефинитивно го озакони беззаконието. Таа функционира спротивно на општонародната волја, спротивно на единствениот валиден референдум од 8.9.1991, спротивно на меѓународните конвенции и на здравиот разум.
- Во серија налудничави објави на социјалните мрежи, американскиот претседател, меѓу другото, порача дека „Месечината е наша.“
- Објави и црно-сиви дизајн на униформите на Американските вселенски сили кои наликуваат на империјалната армија во Војна на ѕвездите.
- Уште е во фаза на преименување на работите па објави и мапа на Ново Мексико, со прецртано „Мексико“ и додадено „Америка.“ Тоа 47-та држава која се придружи на унијата во 1912 година.
- Што се однесува до вселената, од 1967 година постои нешто што се вика „Договор за вселената“, потпишан од САД и над 100 други земји кој експлицитно наведува дека вселената, вклучувајќи ја Месечината и другите небесни тела, не е предмет на национално присвојување преку барања за суверенитет, употреба, окупација или на кој било друг начин.
- После присвојувањето на Месечината, некои мислат дека Трамп ќе тргне и кон Сонцето а други се загрижени за Марсовците и сметаат дека треба да бидат предупредени што може да ги чека.
- А од официјалната сметка на Белата куќа, Доналд Трамп го објави и ова:
- Дури 89% од возрасните Американци сметаат дека корупцијата во владата е широко распространета, според ново истражување на агенцијата „Галуп“. Тоа е пораст од 10% во однос на лани и далеку над просекот од 72% до 79% во периодот од 2010 и 2025 година.
- Перцепцијата кај демократските гласачи за владината корупција бележи најголем пораст од 57% на 91%, а меѓу републиканците е стабилизирана на натпросечно високи 83%.
- Сè уште нема целосни анализи на новите анкети на Галуп спроведени во 38-те земји од ОЕЦД, но се очекува САД да бидат на врвот. Просекот во ОЕЦД лани бил 59%, што е пад за 10 процентни поени од 2009 година.
- Од 2023 година, кога почнаа глобалните истражувања на Галуп, само четири од вкупно 132 земји имале повисок процент на перцепирана корупција од САД денес – 92% во Либан во 2024 и во Перу во 2025 година, и 90% во Гана и во Нигерија во 2024 година.
- Впечатливо за САД, за разлика од повеќето други земји, е што граѓаните немаат изедначен став за корупцијата во владата и во бизнисот. Додека 89% сметаат дека е присутна во владините институции, 71% ја чувствуваат во бизнисот, за 8% повеќе отколку лани.