Од својата рана возраст, кога имал 14 години па до ден-денес Луис Суарез најголемата поддршка во животот ја имал од својата некогашна девојка а денес сопруга Софија со која поминал неверојатен пат.
Татко му имал пристојна работилница и секој ден му трубел или да седне да учи или да помага со работата. Ама малиот Есам сакал само едно нешто да брани и тоа да брани без ракавици.
Педро има 8 години, живее во бразилскиот град Бауру, сака да го собира Панини албумот, но мајка му нема пари за да му ја оствари таа желба. Но Педро е упорно и талентирано дете за цртање и успеа сам да се снајде.
Во детството Хуан Куадрадо толку често слушал истрели од улицата, што родителите веќе смислиле ритуал за да го смируваат: секој пат кога на улица почнувала жестока престрелка, тој легнувал под кревет и ги затнувал ушите додека пукотниците не се стишаат.
Пред секој голем спортски настан Coca-Cola традиционално снима реклами поврзани со некоја од земјите учеснички. Исландското видео за Светско е врвно а го режирал голманот на оваа репрезентација.
Се вика Франк Фабра и на Мундијалот во Русија требаше да биде стартен лев бек на репрезентацијата на Колумбија. Но на неколку дена пред летот за Русија тој ги скинал предните вкрстени лигаменти од левото колено и сонот му станал ноќна мора.
Франција е задоволна што има шампиони на легендарниот Ролан Гарос - Никола Мау и Пјер Ербер им донесоа трофеј но победата му припаѓа на синот на Мау кој истрча на теренот.
Еден од најдобрите млади фудбалери во Европа, Џенгиз Ундер кариерата ја почнал во најдобрата фудбалска академија во Турција каде ги учат децата да садат зеленчиук и овошје, да жнеат, да берат, и да одгледуваат домашни животни.
Од заебаните гета на Марсеј каде харале криминални банди малиот Зинедин го извлекол еден човек кој работел како скаут за фудбалскиот клуб Кан од каде Зизу ќе ја почне неверојатната кариера.
Растел без татко, лутал по фавелите на Сао Пауло и сфатил дека само со напорни и исцрпувачки тренинзи ќе стигне до врвот. Сега е незаменлив штраф од машината на Реал Мадрид со кого освои сè што може да се освои.
Во ситуација кога ги гледате најголемите ѕвезди на светскиот фудбал кои прават чуда со топката, тивкиот и скромен Начо од сенка ви делува како недоволно вешт за да биде дел од големото семејство на Реал. Но не е така.
Кога легендарниот играч на Арсенал конечно прифатил дека ја изгубил битката со големиот страв од летање, сфатил дека се ослободил и тогаш го играше најдобриот фудбал во кариерата. Никој не му замерувал зошто патувал и по 2.000 километри со кола за да игра на гостување.
Најдобриот француски напаѓач на денешницата вечерва ќе игра со својот Атлетико Мадрид во финалето на Лига Европа во градот чиј фудбалски клуб не сакал да го прими како мал дека бил слаб.
Речиси малку е познато дека легендарниот Роберто Карлос и неговиот миленик Марсело прв и последен пат заедно на официјален натпревар поминале само три минути кога малиот Марсело дебитирал против Депортиво.
Меѓу подобрите фудбалери на Ливерпул во полуфиналето против Рома синоќа беше младиот непознат Ендрју Робертсон од Шкотска кој имал необичен фудбалски пат.
Предводникот на генерацијата фудбалери која постигна неверојатни 40 гола во Лигата на шампиони сезонава, во младоста запнал да студира медицина. Сметал дека може да се најде во оваа област но го предомислувале да батали и да игра фудбал.
Толку многу сакал да игра фудбал што како мал избегал од родното село и отишол на проба во 800 километри оддалечениот Дакар. Неговите на крај се помириле дека се решил за фудбал па решиле да собираат пари од бербата во плантажите во Сенегал.
Кога ќе се погледне табелата во Лига 1, 10 места подолу и 45 бода зад богатиот Пари Сен Жермен ќе го најдете најскромниот клуб во француската прва лига.
Мајкл Оливер ги учел судиските правила уште на 4 години и денес е најмладиот судија во англиската Премиер лига. Неколку пати го критикуваа Венгер и Мурињо но од ФА сезонава му довериле дури 33 меча во најдобрата англиска лига.