Хуан Квадрадо како мал се криел под кревет кога го убиле татко му

Во детството Хуан Куадрадо толку често слушал истрели од улицата, што родителите веќе смислиле ритуал за да го смируваат: секој пат кога на улица почнувала жестока престрелка, тој легнувал под кревет и ги затнувал ушите додека пукотниците не се стишаат.

Еднаш Хуан легнал под креветот но пукањето траел подолго од обично, а потоа одново се било во ред. Излегол од под креветот, ги погледнал родителите и се смирил.

Еден друг ден по ништо не се разликувал од останатите - истрелите звучеле страшно, пукотиници се слушале поблизу од вообичаено. Четири-годишниот Куадрадо се скрил под кревет, а кога излегол родителите не го смириле. Мајка му плачела на цел глас. Татко му го убиле на лице место.

***

Во градот Некокли каде се родил Куадрадо, такви напади биле како добар ден. Во 80-те таму имало граѓанска војна: за власт се бореле војската, левичарите и партизаните и наркокартелите. Обичниот народ гинел во средина на престрелките.

Татко му на Хуан бил возач на камион - превезувал газирани сокови и загинал како случајна жртва.

Малиот останал сам со мајка му Марсела. Наскоро се преселиле од северо-западот на југот од Колумбија. Таму било помирно. Марсела работела како економист но постојано и недостигале пари па во слободно време продавала банани.

Хуан ѝ помагал така што лепел етикети на овошките, но тоа не му се допаѓало многу. Еднаш не издржал и и се јавил на баба му во Некокли: „Мама мене не ме сака! Не ми дава да играм фудбал“. Секако дека преувеличувал затоа што цел ден играл фудбал а мајка му не му давала да игра доцна навечер зошто било ризично.

„Сакав да биде одличен ученик. Сакав да учи, мислев дека тоа ќе му помогне во животот“, се сеќава мајка му Марсела.

Кога Куадрадо некако измолил да се врати кај баба му и дедо му во Некокли, сфатил дека мајка му повеќе му давала да игра фудбал. Баба му била построга со него.

„Се случуваше да го пратам во школо, а тој да се врати дома цел извалкан и парталав. Сфатив дека тоа е зошто цел ден трча по топката. Решив да го казнам и го натепав. Живееше многу неуредно и не беше можно да продолжи така“, раскажува баба му.

Но и во таков строг амбиент Куадрадо се чувствувал максимално комфорен. Единствено што требал е да смисли како да ги излаже за да игра фудбал. Играл бос и во едни шорцеви кои секогаш ги оставал на игралиштето па се враќал преоблечен и чист.

Кога дувал 13 свеќички за роденденот, веќе престанал да ги лаже баба му и дедо му. Тренерот Нелсон Гаљехо го викнал во локалниот клуб Атлетико Ураба каде Хуан покажал како танцува со топка.

Неговиот талент го препознале во славниот Индепендиенте од Меделин - град во кој Пабло Ескобар во 1977 година го основал најголемиот картел на сите времиња.

„Ужасот кој Хуан го преживеал во детството му влијаеше на карактерот. Секогаш се трудеше да постави висока цел и се стремеше кон неа“, вели првиот тренер на Куадрадо, Гаљехо.

Таквиот пристап му помогнал на 21 година да стаса во Европа а на 22 години да и се јави на мајка му на телефон: „Мамо! Мамо, ме викнаа во репрезентацијата на Колумбија“.

Куадрадо сега има 30 години и можно е Светското првенство во Русија да му биде последно во кариерата. За животот после фудбал тој вели: „Еден ден ќе се вратам во Колумбија. Сакам да живеам само во татковината“.

Домот е најважен дел од животот на Куадрадо. Во 2013 година тој заедно со мајка му отворил фонд за помош на социјално загрозените семејства во родниот град Некокли. Децата на овие семејства преку фоднот добиваат подобро образование кое не можат да си го дозволат сами.

„Купуваме книги, тетратки, прибор и други предмети. Роден сум во сиромашно семејство, рано останав без татко но имав среќа да раснам со добри луѓе и да играм фудбал. Ќе бидам среќен ако некому му тргне како мене“, вели Хуан.

Тој во моментов е на Светското првенство во Русија каде го загуби првиот меч во групата од Јапонија.