Фабре има 27 години. На минатото Светско во Бразил 2014 тој не играше. Во репрезентацијата првпат го викнале во 2015 година.Фабра е фудбалер на Бока Јуниорс. Кариерата ја почнал во клубот Енвигадо од татковината каде играл уште и во Депортиво Кали и Индепендиенте Меделин пред да замине за Аргентина во 2016.
На негово место селекторот на Колумбија го повикал бекот Фарид Дијаз (34) од Олимпија Асунсион, клуб од Парагвај. Дијаз веќе имал 13 настапи од кои 8 во квалификациите за Светско и 3 на Копа Америка 2016.
После оваа тешка и болна повреда на тренинг минатата сабота, Колумбиецот напишал мошне емотивен пост на Инстаграм:
„Сонот на детето од малиот град Нечи (Колумбија) кое трчаше босо по улици. Тоа дете се восхитуваше на играта на Хуан Квадрадо и Хамес Родригез, на одбраните на Давид Оспина, на правите машини во средина - Абел Агилар и Карлос Санчез, на дриблинзите на Суњиги, Сантијаго Аријас и Пабло Армеро на минатото Светско првенство. Детето мечтаеше да стане дел од таков турнир.
Јас се борев, работев на себе, се трудев да станам се подобар од ден на ден додека не се најдам меѓу нив. Сега срцето ми е скршено на 15 милиони парчиња. Стоев пред вратата на мојот сон. Еден чекор ме делеше од неа. Душа ме боли!
Но во мене има верба, силна верба во Бог кој ме прави среќен и горд на себе. Господи, дај ми сила да одам од градов. Ќе станам посилен како што пред мене стана Фалкао кој ги преброде сите проблеми. Радамел знаеше како да излезе од оваа ситуација и успеа.
Му благодарам на семејството кое секогаш ме поддржува, на девојка ми, на другарите, на сиот персонал во репрезентацијата. На составот кој ќе покаже колку е добар на Светското 2018, зошто тие го заслужуваат тоа. Живеат за ова првенство. Сакам да кажам илјада работи, но зборовите не може да го опишат тоа.
Фала ви за поддршката и бидете благословени сите. Сонот нема да исчезне зошто Бог ме води“