Порто тајно договорил супер засилување, не знаел никој

Триесет и четиригодишниот холандски центарфор Лук де Јонг како слободен играч потпишал со португалскиот гигант Порто. Ветеранот имаше сјајни сезони во својот ПСВ Ајндховен но сега добил понуда која не се одбива. А во Порто ништо не кажувале и решиле да ги изненадат навивачите пред пријателската со Атлетико Мадрид кога играчите излегле на теренот.

Тој е права легенда на ПСВ Ајндховен со чии навивачи се поздравил:

„Ова не е збогум туку довидување. Ќе останам приврзан за овој прекрасен клуб, најпрекрасен во Холандија до крајот на мојот живот. Беше фантастично. Осум сезони. Пет шампионски титули, освоен Куп и бројни „Јохан Кројф“ Суперкупови. Незаборавни ноќи во Лига на шампиони, каква атмосфера, да се наежиш.

Сега избрав поинаков предизвик. Јас сум авантурист. Некој кој заедно со фамилијата трага по предизвици. Некој кој сака да искуси култура и спорт во други земји. И се надевам на успех и таму исто така. ПСВ засекогаш ќе биде во моето срце, сакам да им се заблагодарам на навивачите, на согирачите, на луѓето од клубот, на стручниот штаб, управата, сите вработени и волонтери“, рекол Де Јонг во обраќање до навивачите на ПСВ. 

4 август 2025 - 10:01