- Македонскиот шампион Шкендија може да биде задоволен од тоа како помина на денешната ждрепка за последното 4. квалификациско коло (плејоф) за влез во Лига на шампиони. Црвено-црните би играле против победникот од двомечот на унгарскиот шампион Ференцварош и бугарскиот Лудогорец.
- Според ждрепката првиот натпревар во евентуалниот бараж Шкендија би го играла на гостински терен на 19 или 20 август, додека реваншот во Скопје би бил на 26 или 27.
- Но претходно Тетовци ќе имаат исклучително тешка задача против шампионот на Азербејџан Карабах. Првиот меч се игра веќе утре вечер во Скопје, а реваншот е за 7 дена на гости.
- Црвена звезда ако го мине полски Лех Познањ, на последното скалило ќе се соочи со подобриот од двомечот Динамо Киев - Пафос. Боде Глимт ќе игра против Штурм Граз, Селтик против подобриот од двомечот Слован - Каират, а Базел ќе се судри против еден од Копенхаген или Малме.
- Во патот за шампиони Феенорд или Фенербахче ќе играат против Бенфика или Ница, а Ренџерс или Викторија Плзен ќе се сретнат со Клуб Бриж или Салцбург.
- Легендарниот Хуан Себастијан Верон користи возвишувачки зборови за Нико Паз. Според него ѕвездата на Комо и на Аргентина, ќе ги достигне највисоките можни височини во фудбалот.
- „На 22 години, прави работи што сум ги видел само кај Меси и Марадона. Не велам дека ќе ги достигне тие нивоа, но ги поседува квалитетите за да се обиде да го постигне тоа. И му посакувам успех во остварувањето на таа цел.
- „Соиграчите постојано го бараат и му ја додаваат топката дури и кога е чуван, знаејќи дека тој ќе ги помине противниците со дриблинг и ќе ги остави далеку зад себе. Нико е лидер преку начинот на кој се движи и како се справува со одредени моменти во играта. Тој одлучува кога да го забрза или забави темпото, во зависност од ситуацијата на терено. Може да напаѓа од десната или левата страна, како и низ средината. Тој е секогаш во срцето на играта.
- Не сакам да правам споредби со играчи од различни епохи, но мислам дека Нико Паз е како Верон, само поместен 20 метри понапред. Носи голема вредност за Аргентина, која се обидува да се реизгради во ерата по Меси“, вели поранешниот аргентински репрезентативец.
- Македонскиот фудбалски талент Бленди Лачка го живее својот сон, откако доби можност да тренира со сениорскиот тим на Фенербахче со ѕвезди како Ромелу Лукаку, Н'Голо Канте, Нелсон Семедо, Милан Шкринијар и Едерсон.
- Младиот фудбалер, кој настапува за екипата до 19 години на турскиот гигант и е младински репрезентативец на Македонија.
- Лачка е производ на школата на Јанг Тим од Струга, каде што започнал да тренира уште на петгодишна возраст.