Норвешки клуб на преубав начин промовира локално земјоделие

Кога свилените дужегрижници ќе се исмеваат на некој убав автентичен подарок во селскиот фудбал во регионов, само покажете им го ова, од прва лига на Норвешка.

Во Норвешка веќе наголемо се игра новата сезона, се одиграа 17 кола, а клубот Брине продолжи со својата преубава пракса, да го промовира нивното локално земјоделие преку автентични награди за најдобар играч на натпреварот.

Договорот е да се дава признание за најдобриот играч на екипата на одреден натпревар, без разлика на конечниот исход на мечот.

Па така пред некој ден и покрај поразот 1-3 од лидерот Викинг на пријателски натпревар, следувала награда.

21-годишниот лев бек Ласе Квигштад кој го постигнал единствениот гол за Брине, добил 100 јајца, 20 литри домашно млеко од локалните млекари и 40 вреќи брашно.

„Со вакви цени како во Норвешка, ова би го земал секој ден“, напишал некој норвешки коментатор, а друг додал: „Искрено каде каде поубава награда е ова отколку некое пластично буре со логоа на спонзорите“.

Ова не е првпат Бруне да дава земјоделски култури како награда за најдобриот нивен играч на натпреварот. Досега се делеле и јагниња, сирење, млеко, боранија, грашок и што уште не:

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Sportski kutak (@sportkutak)

Во март 2025-та голманот Јан де Бур по јуначки одбрани против Бодо Глимт доби четири пакети со јајца.

26-годишниот центарфор Санел Бојаџиќ во јуни добил 500 килограми моркови од локалната земјоделска фарма Jæren Gulrot.

Брине е основан на 10-ти април 1926-та година а клубот е во норвешкиот фудбалски систем уште од 1929-та година и игра на својот домашен стадион „Брине“ изграден во 1945-та.

Најпознатиот и најдобар норвешки фудбалер, Ерлинг Халанд од Манчестер Сити беше играч на Брине како млад, кога играл за првата и за втората екипа Брине 2 во сезоните 2015/2016 и 2016/2017. Брине два пати завршил како втор и бил вицешампион на Норвешка во 1980 и 1982 а во 1987-ма го освоил единствениот трофеј во Куп на Норвешка.

И ВО ДАНСКА ИСТА ПРАКСА

По Норвешка и во данскиот фудбал почнале со ваква убава традиција. Клубот Сондерјиске му дал на својот фудбалер Максим Салас 55 килограми компир како награда за најдобар играч на мечот.

Навивачите во Скандинавија го поздравуваат овој здраворазумски начин на размислување и сакаат истиот да продолжи.

4 август 2025 - 09:10