Поради таласемија, наследна хематолошка болест, Зидан бил слаб и брзо се уморувал. До 14 година не ги заинтересирал ниту Марсеј, ниту другите француски клубови.
Му се допаднал единствено на скаутот на Кан, Жан Варо. Иако немал конкуренти, Варо сакал што е можно поскоро да го однесе Јазид (така го викале Зидан во семејството) од Марсеј. Скаутот знаел дека криминалниот амбиент на реонот Кастелан би можел да го отргне Зидан од фудбалот.
Откако го напуштил Марсеј, Зидан се преселил во семејството на Жан Клод и Никол Елино чиишто постар син заминал во војска. Зинедин бил срамежлив, тивок, не излегувал по кафулиња и рано си легнувал за да може подолго да поспие. Така полесно можел да ја преброди таласемијата.
На шеснаесет години отишол во друга фамилија, а ден денес во дворот на семејството Елино стои високо дрво цреша коешто Зинедин ја засадил едно утро.
Набрзо го сместиле во интернатот на клубот Кан каде цимер му станал Давид Бетони кој дошол од Сен Приест. Бетони е оној ќелав човек кој седеше до Зидан на клупата на Реал Мадрид.
Токму Бетони бил на единствениот пат кога Зидан излегол во ноќниот клуб Palm Beach и кога се напил алкохол. Но и тогаш малиот Јазид нашол сили да стигне до дома и да отспие пред утринскиот тренинг.
Потоа тренерот на Кан, Ги Лакомб им поделил анкетен лист на играчите. Имало двеста прашања, а целта му била да ги дознае индивидуалните карактеристики на секој фудбалер.
Од анкетата 16 годишниот Зидан сфатил дека е мотивиран но не се ставал себе пред другите.
На 18 години Зинедин го дал првиот гол во професионален фудбал. После тоа претседателот на Кан, Ален Педрети го викнал во канцеларијата и му врачил клучеви од ново Renault Clio, а Зизу му ја претставил својата нова девојка, 20-годишната Вероник Фернандез.
Интересно, и откако станал ѕвезда во екипата, продолжил да живее во академијата зошто не сакал да троши пари на кирија за стан. Голем дел од платата им ја праќал на родителите во Марсеј.
На 22 октомври 1991 година Зидан се нашол во составот на Кан за меч од Купот на УЕФА против Динамо Москва. Пред крајот од првиот дел Кан примил гол и француските навивачи ги исвиркале своите играчи. Во второто полувреме ништо не се сменило и Динамо победил. Кога влегол во соблекувалната, директорот на Кан Алан Рувие го видел расплаканиот Зидан.
Во книгата на Рувие за Зинедин, тој раскажува дека Зизу никогаш не го фрлал дресот на земја во соблекувалната туку го диплел и го ставал во корпа. „Тој ги почитуваше луѓето околу себе и што е најважно среќата му се насмевна“.
Но не секогаш имал среќа. По испаѓањето од Купот на УЕФА Зидан го повредил коленото и тоа пред трансфер во големиот Марсеј.
Заедно со Зидан, контроверзниот газда на Марсеј Бернар Тапи во Кан го пратил и хрватскиот центарфор Ален Бокшиќ. Хрватот дури и одиграл еден меч за Кан со Лион но се испоставило дека немал права да игра како позајмен по трансферот во Марсеј.
Управата на Кан се обидела да докаже дека тоа не е позајмица и дека тие го купиле Бокшиќ од Хајдук но залудно било. Ален се вратил во Марсеј а Бернар Тапи се откажал од трансфер на Зидан но не само поради Хрватот. „Пребавен е некако“, рекол за Зинедин тогашниот тренер на Марсеј Рајмон Гуталс.
После пола година, Кан испаднал во втора лига и претседателот на клубот Педрети му предложил на Зидан да оди во друг клуб за да ја надоместат финансиската загуба.
Педрети прво му се обратил на тренерот на Монако Арсен Венгер кој сметал дека со само пет гола сезоната Зидан не го потврдил талентот прикажан во претходната година и се откажал од него.
Како резултат на тоа Зидан можел само „да се врзе за привезокот“ со играчите од среден ред на Кан Даниел и Герет кои Бордо ги сакал уште од почеток и на кои им давал два пати поголема плата отколку на Јазид. „Мене ме продадоа како крава“, му кажал Зизу на водачот на навивачите на Кан, Жан Клод Лаугени.
Но не било се така црно. Со Зидан во Бордо се преселила и девојка му Вероник која ги оставила танците а соиграчот на Зизу од младинската репрезентација, Кристоф Дугари им помогнал да се привикнат на новиот град (заедно дури и го држеле барот Nulle Part Ailleurs во Бордо). Дугари играше и во Скопје против Вардар (0-2) во Купот на УЕФА 1995/96.
Тренерот на Бордо, Ролан Курбис тогаш му го смислил денес фамозниот прекар Зизу.
Зинедин со текот на време станал многу темпераментен на теренот и Курбис се обидувал да го контролира неговото променливо расположение. И покрај тоа на 18 септември 1993 година Јазид го добил првиот црвен катон во кариерата откако го удрил во лице Марсеј Десаи.
Далеку поголемо влијание на Зидан имал скаутот на Кан Жан Варо кој му дал драгоцени совети: да ги пресели родителите во помирен реон и да се ожени што поскоро. Зизу го послушал и направил свадба во голем замок од XVIII век во Бордо на 28 мај 1994 година. Необично, во поканите се пишал себеси Зизу наместо Јазид со што го прифатил новиот прекар.
Својот прв син го крстил Енцо во чест на големата уругвајска ѕвезда од Марсеј, Франческоли чијшто постер висел во собата на Зидан и неговиот брат Џамел.
Како и Франческоли, така и Зидан од Франција се преселил во соседна Италија. Дебито за славниот Јувентус не му го спречиле ниту болките во главата и јагодичната коска по сообраќајната незгода во пролетта ’96-та, ниту болките во цело тело од напорните тренинзи на фитнес тренерот на Јуве Џампјеро Вентроне.
Во улицата „Карло Алберто“ во Торино Зидан добил стан од двесте квадрати во кој претходно живеел Џанлука Виали а негов сосед станал стариот познаник Ален Бокшиќ кој претходно дојде во Јувентус.
Првата недела во Торино Зидан со себе го земал и неговиот стар другар од Кан Давид Бетони кој одлично зборувал италијански. После пола година Зинедин го освои Интернационалниот Куп со Јуве во Токио по триумфот над Ривер Плата. Со медалот дома донел уште еден скапоцен трофеј - дресот на противничкиот шпиц Енцо Франческоли со број 9 од Ривер. По сопствено признание Зидан неколку пати спиел во тој дрес.
На 13 јули 1998 година Енцо Зидан спиел во прегратка на татко му за време на големата парада во Париз по златото на Франција на Светското првенство. Го разбудила толпата која скандирала: „Зидан за претседател!“
По славниот Мундијал 1998, Јазид ја освои „Златната топка“ за најдобар фудбалер на светот иако со Јувентус не освои практично ништо неколку години.
Жена му, која има родна жила од Андалузија му замерувала на Зидан што се преселиле во Италија (го барале Барса, Бетис и Атлетико) а тоа не му се допаѓало на неговиот соиграч од Јуве Пипо Инзаги кој рекол: „Кога јас ќе се женам, мојата сопруга ќе прави како јас ќе кажам!“
После три сезони без титула, јасно било дека Јуве нема да може да издржи на налетите на Флорентино Перез. Зидан тогаш во интервју за Repubblica изјавил: „Да зависеше од мене, јас веќе ќе бев во Реал“. После две недели „Старата дама“ го продаде за астрономски 75 милиони евра!
„После пет години во Торино, тој сакаше да се пресели“, рекол патронот на Јуве Џани Ањели во интервју за La Gazzetta Dello Sport.
На почетокот жена му на Зидан сакала да живеат во Барселона но зделката веќе била готова а Јазид едвај чекал да заигра за „кралскиот клуб“. После две години се вратил во Торино на погреб на големиот Џани Ањели.
Клод Макелеле во својата автобиографија објавена пред неколку години напишал: „Со доаѓањето на Зизу (во Шпанија го викале Сису) Реал катастрофално го почна првенството и после поразот во октомври од Лас Палмас падна на 14. место.
Зидан не сакал да игра на лево крило во средниот ред а новинарите и навивачите не биле задоволно од најскапо платениот во историјата на фудбалот.
Макелеле дошол во Реал една година претходно и му објаснил на Зидан како стојат работите:
„Во Реал има само еден шеф - тоа е Раул и тој е неприкосновен. Ако он сака да игра со Мориентес ти ништо не можеш тука. И Никола Анелка имаше проблеми со тоа. Џабе си Зидан, ќе ти биде тешко. Така остани на лево крило и кога ќе почнеш да влијаеш на играта, тогаш ќе можеш да дејствуваш од кај сакаш. Заборави на италијанскиот фудбал и враќање во одбрана, бркај си само своја работа во напад а јас ќе те покривам“.
После седум месеци Јазид го постигна победничкиот страшен гол против Баер Леверкузен во финалето на Лига на шампиони.
Две години потоа откако ги одигра Светското 2002 и Европското 2004, Зидан во студио на Canal+ со кој имал спонзорски договор, објави дека ја напушта репрезентацијата, но после една година на својот сајт zidane.fr напишал дека се враќа.
Сензационалната вест можела да се прочита само со помош на платен налог преку мобилниот оператор Orange, уште еден спонзор на Зидан. Јавноста сметала дека тој се враќа меѓу „галските петли“ под притисок на спонзорите. „Можно е дека имаше барања и притисоци но решението го донесов сам“ изјавил Зизу кој додал дека да се врати во репрезентацијата го убедил некој човек кој му се јавил во три после полноќ.
Во земјата тогаш почнала загадка кој е тој човек што му се јавил и Зидан одново напишал на својот сајт: „Тој човек е мојот брат. Лично брат ми“.
За неколку часа пред решавачкиот меч во квалификациите за Светско 2006, прес-аташето на репрезентацијата му го предала телефонот на Зидан: „Те бара претседателот Жак Ширак“. Ширак лежел во болница после мозочен удар и побарал од Зинедин сите играчи да ја држат раката на срцето за време на химната.
Зизу го пренел барањето и сите играчи го сториле тоа. Франција победила 1:0 а утредента насловите биле „Повикот од Ширак пресуди“.
Пред Мундијалот 2006 Зизу не знаел (мајка му му криела) дека Жан Варо, човекот кој го извади од марсејското гето, бил многу болен. Кога Франција влегла во нокаут фазата од Светското Зидан дознал дека Варо починал. До финалето имало уште две недели.
Кога после речиси деценија се врати во Реал како советник на Флорентино Перез, Зидан го убедил да го купи 17-годишниот стопер Рафаел Варан кој стана командант на одбраната на „Кралевите“. Тренерскиот занает Зидан го печеше на пракса кај Марсело Биелса во Марсеј и кај Пеп Гвардиола во Баерн.
Со Реал Мадрид набрзо освои пет титули во Лигата на шампионите - прво како помошник на Анчелоти а потоа како главен тренер. Негов помошник во Реал стана Давид Бетони, човекот со кој се нераздвојни од почетокот на ’80-те години, со кого садеа цреши во двор и кој го извлекол од дискотека при првото пијанство.
Јазид наскоро ќе објави каде ќе ја продолжи својата кариера а со него сигурно ќе патува и Давид Бетони.