Убав си Генган и не се менувај

Кога ќе се погледне табелата во Лига 1, 10 места подолу и 45 бода зад богатиот Пари Сен Жермен ќе го најдете најскромниот клуб во француската прва лига.

Трофеите се апсолутни, но подвизите се релативни. Пари Сен Жермен во саботата вечер страшно убедливо ја освои титулата во Лига 1, но откако потроши 222 милиони евра за трансфер на Нејмар и 200 миллиони евра за Килијан Мбапе и тоа не е многу екстравагантно.

Но ако ѕирнеме 10 места подолу на табелата ќе најдеме една убава приказна за клуб кој веројатно никогаш нема да освои ништо ама е крајно симпатичен.

Генган (En Avant de Guingamp) е клуб кој претставува едно село од 7.000 жители, најмало место во најголемите европски лиги кое има прволигаш. Се наоѓа „среде никаде“ во дождливиот северен дел од Бретан, најзападниот регион во Франција. И не баш идеално место за фудбалски клуб.

Многумина се изненадија што репрезентацијата на Велс за Европското 2016-та го избра токму ова место за база, во близина на Динар поради тоа што е крајно тивко.

„Навистина нема никаква смисла тука да има фудбалски клуб. Ова е баш мирно место, фудбалска оаза на средината од реонот Бретан“, вели Алекс Хејс кој беше тренер на Лориен, уште еден клуб од Бретан.

Вака убава приказна пишува и шпански Виљареал но со една битна разлика, градот од кој доаѓа „Жолтата подморница“ има 50.000 жители и е метропола во споредба со Генган.

Или еден Хофенхајм од Германија кој против сите предвидувања како тим од мало место, тргна од нула и направи сензационални резултати. Но зад нив стоеше еден милијардер. Генган нема ништо од тоа. Скромноста на нивниот годишен буџет кој е нешто под 30 милиони евра е многу поважен за нивната приказна отколку големината на нивното село.

Колку за споредба ПСЖ има годишен буџет од околу 550 милиони евра. Буџетот на Генган е најмалиот во Лига 1 а од друга страна тие се на средина на табелата и спремни се да играат и шеста година по ред во најдобрата лига во Франција.

За скромните клубови да се биде во Лига 1 е триумф сам по себе. Генган е во сопственост на 145 локални бизнисмени кои знаат дека само ако работат заедно и обединети, ќе го оддржат клупскиот дух.

Како засилување во спонзорскиот пулт минатата година клубот го претстави акционерскиот систем наречен „Kalon“. Тоа им овозможува на навивачите на Генгам да купат акција за 40 евра и да го имаат своето име на еден од ѕидовите на Stade de Roudourou.

Малиот клуб има околу 15.206 акционери што е двапати повеќе од вкупното население на местото Генган.

Најголемите клубови во Лига 1 имаат сопственици од странство: ПСЖ има газди од Катар, Монако е предводен од рускиот олигарх Дмитри Риболовљев а Марсеј од Американецот Френк МекКорт кој го разбуди некогашниот гигант. Лил го продадоа на шпанскиот инвеститор Жерар Лопез, минатогодишен шеф на тимот Лотус во Формула 1. Лил сека се во правна битка со поранешниот тренер Марсело Бјелса и се во зоната за испаѓање со дури 13 бода зад Генган.

„Ние сме спротивно на се што гледате околу нас. Денес има многу инвеститори во целиот свет, од Катар, од Кина... Но ние сме поинакви. Нашиот клуб го водат 145 помали локални бизнисмени. Ниту Кинези ниту Руси. Само локалци“, вели Бертран Десплат, претседател на Генгам.

Се поставува прашањето како им успева на локалните луѓе да го одржуваат клубот во така силна конкуренција? Да покријат и играчи и тренери и терени и се што носи еден сериозен прволигаш?

Одговорот лежи во добро управување: Кога Генган купува играч тој прво седнува на долг состанок со управата каде неколку часа му ја објаснуваат историјата и вредностите на клуот. Му се претставува документ наречен „Обврски“ односно што играчот е должен да почитува: работа, дисциплина, скромност, борбен дух и солидарност.

Интересно во целата приказна е што играчите сакале нејќеле се принудени да го прават тоа. Во градот нема ноќни клубови, дискотеки, барови, сплавови, па во таков мирен амбиент и нема искушенија како во големите метрополи.

Затоа и Генган има одлични резултати и не се плаши за опстанок. Затоа Генгам се единствениот клуб што го освоил Купот на Франција покрај ПСЖ (во 2014-та по вторпат Генгам го крена пехарот во Купот по славјето во 2009-та).

Академијата на клубот вади добри играчи низ годините.

Ентони Нокаерт ја започна кариерата во Генган и таму научи да игра фудбал пред да направи голем трансфер во Лестер во 2012. Лоран Кошелни исто. Скаутите на Генгам го виделе на 17 години како игра за анонимниот Лимож и го убедиле да го одбие Ленс за да дојде во Бретон каде се разви во одличен стопер кој стана капитен на Арсенал.

Или Џанели Имбула кого Стоук го плати 18 милиони фунти за трансфер од Порто. Имбула е дете на Генгам од каде отиде во Марсеј.

Никогаш нема да се заборави еден од најдобрите напаѓачи на светот Дидие Дрогба кој во 2002/2003 даваше голови за Генган. Ниту Флоран Малуда кој дојде од пониските лиги. Тие двајца се вљубени во Генгам и во мај 2012-та дојдоа на прославата на 100-годишнина на клубот.

Тоа беше на само осум дена пред Дрогба да направи чудо во судиското продолжение и на Челси да му донесе пехар во Лига на шампиони. „Генган ни донесе среќа“, изјави подоцна овој тандем.

Дрогба во дресот на Генган

Сега во академијата на Генгам има нова генерација талентирани деца меѓу кои е и 17-годишниот син на Дрогба, Исак кој неодамна дошол во клубот. Таму е и Маркус Турам, синот на Лилијан. Исто и Маркус Коко, 20-годишен фудбалер за кого Ливерпул сака да одвои многу пари следното лето. Заинтересирани клубови има и за Лудовик Бла.

Природната изолација на Генган во принцип е подобро место за развој на млади фудбалери од едни Париз, Лион, Марсеј. „Во Генган нема ништо да се прави освен фудбал. Нема диска, локали, барови. Има многу добри луѓе кои ќе направат да ви биде добро и да ве поддржат. Но само ако се фокусирате на фудбал зошто и онака нема на што друго. Никогаш не заборавајте дека ние сме најмалиот град во Лига 1. Ние би требало да играме во шеста или во седма лига, не во прва“, заклучува првиот човек на клубот Бертран Десплат.