Ако среќата на играчите на Ливерпул синоќа можела да се измери, меѓу првите на листата би бил и Ендрју Робертсон. Младиот Шкотланѓанец од Глазгов потпиша со „Црвените“ минатото лето, дојде на мала врата на „Енфилд“ но сезонава стана најстандарден и незаменлив по левата страна кај Јирген Клоп. Во младинската школа на Селтик се откажале од Робертсон кога имал 15 години. Му кажале дека му фали раст.
И на 26. мај Робертсон ќе треба да се чува со ѕверки како Кристијано Роналдо, Герет Бејл, Бензема па и оној од спротивната страна на теренот - Марсело. Но во 2012 година некој да му кажел на Робертсон дека ќе игра во финале на Лига на шампиони против Реал Мадрид, би го направиле не баш со сите.
Пред шест години, Ендрју наполнил 18 години како фудбалер на малиот и анонимен шкотски третолигаш Квинс Парк.
Тогаш и твитнал на Твитер „Животот на овие години без пари е срање“, со хаштаг #needajob (барам работа). Овој твит останал „закопан“ под повеќе од 2.000 други твитови на неговиот профил но никогаш не бил избришан.
life at this age is rubbish with no money #needajob
— Andrew Robertson (@andrewrobertso5) August 18, 2012
И сега постот е најубаво сеќавање за младиот бек кој не верувал дека ќе успее во фудбалската кариера и сакал да бара друга работа.
По овој историски твит, Ендрју Робертсон преминал во далеку поголемиот Данди Јунајтед а подоцна и во Хал Сити во Англија. Поминале речиси шест години и повеќе од две илјади денови, но неговите зборови по епското полуфинале против Рома му даваат поинакво значење на твитот:
„Кога играш за Квинс Парк, за Данди Јунајтед и Хал, можноста да стигнеш до финале на Лига на шампиони е рамна на нула“.
А сега животот му спреми најубава порција: контото во банка му е милионско, ќе го игра најважниот натпревар во светот на клупскиот фудбал и ќе се бори за највредниот пехар по сето она што го мислел на 18 години.
WHAT A FEELING!! Champions league final!!🙈 fans were incredible tonight, safe… https://t.co/jb4NSjrfCS
— Andrew Robertson (@andrewrobertso5) May 2, 2018