Таг: лига на шамппиони

17 годишниот Фати го исфрли Интер од ЛШ

И покрај тоа што играа со комбиниран состав без Меси, Каталонците ја освоија Меаца 1:2 со головите на Карлес Перез и Ансу Фати. Од разврската во другите групи профитираа Лион против Лајпциг кој од 0:2 стигна до 2:2 вредни осминафинале. Таму извиси Бенфика. Валенсија оствари голема победа против Ајакс на гости со што ги елиминираше Тадиќ и другарите.

Дајте му две карти за финале на детето што собира топки

Фудбалската критика денеска е целосно насочена кон величање на Клоп и неговите херои кои со лудачки 4:0 ја попарија големата Барселона. Топ тема е четвртиот гол со кој Арнолд од корнер ја измами цела одбрана на Барселона. За тоа доби помош без која немаше да успее.

Во 2012 пишал „Животов е срање, ми треба работа“, сега ќе игра финале на ЛШ

Меѓу подобрите фудбалери на Ливерпул во полуфиналето против Рома синоќа беше младиот непознат Ендрју Робертсон од Шкотска кој имал необичен фудбалски пат.

Драган и Тони се едногласни: Ел Класико во Кардиф, Реал - Манчестер во Скопје

Ждребот во Нион денеска ни донесе четвртфинални двојки од ЛШ кои се ултра тешки за прогнозирање. Затоа задачата им ја препуштивме на оние кои се постручни од нас. Драган Николовски и Тони Стојановски ги читаш и мислиш дека се веќе спремни за коментирање уште вечерва. 

„Во фудбалот и животот има нешто повеќе од пари“

На 10 години бил сведок на страшна трагедија во семејството и долго време бил повлечен во себе. Со помош на вујко му и баба му се издигнува и станува капитен на полската фудбалска репрезентација.

Веспрем силен против Кил за европско финале со Барса

По Каталонците, вечерва и унгарски Веспрем обезбеди пласман во големото финале на Ф4 во Келн кое се игра утре вечер.

За сè има прв пат, па и за Тоти

Една од најинтересните битки вечерва во Лигата на шампионите ќе биде дуелот помеѓу Манчестер Сити и Рома која веќе започна да се води на социјалните мрежи и тоа меѓу двата клуба.

Фудбалска доза во септември

Деветиот месец од годината ќе донесе богата спортска понуда, затоа што нè очекуваат градското дерби во Мадрид, Милан - Јуве, пријателски средби, квалификации за Европско првенство во фудбал, Лига на шампиони и Лига Европа.

Ван Перси го сруши Олимпијакос

Конечно проработе машинеријата на англискиот шампион. Со хет-трикот на маестралниот Робин ван Перси, четата на Мојс успеа да ја анулира предноста од 2:0 од првиот меч и да патува во четврфиналето. Пирова победа за фудбалерите на Зенит од 2:1 во Дортмунд.

Елиминација на Грците за спас на сезоната

Тимот на Дејвид Мојс кој остана без Лига и ФА купот, а има очајни резултати во домашното првенство е под притисок да брка негатива од 2:0 за пласман во четвртфинале во ЛШ. Борусија Дортмунд ќе има растеретен дуел против Зенит со предност од 4:2 од првиот дуел.

Уште еден полн плен за гостите

Малку несвојствено за нокаут фазата од Лигата на шампионите, но по гостинските победи на ПСЖ и Барселона, традицијата во осминафиналните дуели вечерва ја продолжуваат Баерн Минхен и Атлетико Мадрид кои обезбедија предност пред реванш средбите на домашен терен.

Снегот го одложи дуелот во Истанбул

Олимпијакос и Баер Леверкузен се новите два патника во осминафиналната фаза од Лигата на шампионите, додека патникот во групата Б не го дознавме поради невремето на мечот помеѓу Галатасарај и Јувентус кој беше прекинат по половина час игра.

Пандев со Наполи ќе брка осминафинале во Дортмунд

Претпоследното коло од групната фаза во Лигата на шампионите може да донесе целосна разврска околу патниците во следната фаза, барем во вечерашната ноќ каде во центарот на вниманието повторно е групата на смртта. Еве што имате за играње на Типстер.