Арсенал - Баерн Минхен 0:2 (0:0)
Крос 54`, Милер 88`
Иако немаше голови, првите 45 минути на „Емирати", донесоа голема возбуда. Озил во деветтата минута промаши од белата точка, а истото го стори и Алаба на пет минути до паузата, откако беше исклучен Шчешни по еден сомнително досуден пенал врз Робен. Во вториот дел Баварците со играч повеќе постојано доминираа и славеа со головите на Крос и Милер.
Милан - Атлетико Мадрид 0:1 (0:0)
Коста 83`
Кризата на Милан се продлабочува и во Лигата на шампионите. Најсериозните шанси домаќините ги пропуштија преку Кака и Поли кои ја погодија стативата, а машинеријата на Диего Симеоне голот вреден како планина го постигна на седум минути до крајот преку Диего Коста.