Манчестер Јунајтед – Олимпијакос
- Фудбалерите на Олимпијакос ќе патуваат на „Олд Трафорд“ со тазе освоена титула во грчкото првенство на пет кола до завршувањето на сезоната.
- Во далеку полошо расположение е составот на Манчестер Јунајтед кој изминатиот викенд беше понижен пред своите навивачи со поразот од 3:0 од големиот ривал Ливерпул.
- Грците имаат очајни резултати на досегашните гостувања на островот. 11 порази на 11 среди. Интересно е што „Црвените ѓаволи“ триумфирале на сите 11 соочувања со грчки екипи на домашен терен.
- Олимпијакос е во обид да стигне до четвртфиналната фаза до која последен пад стигна во 1999 година.
- Вејн Руни е најдобриот британски стрелец во Лигата на шампионите кој во првото коло оваа сезона го мина Рајан Гигс со 29 постигнати голови.
Типстерите веруваат во триумф на Манчестер и 3+.
Борусија Дортмунд – Зенит
- Ова е второ учество на Зенит во оваа фаза. Во 2011/2012 Русите играа двомеч со Бенфика на кој дома славеа со 3:2, но потоа беа поразени со 2:0.
- Фудбалерите на Борусија имаат осум победи на последните девет меча на домашен терен. Единствениот им е од Арсенал во групната фаза.
- Зенит освен поразот од Борусија на првиот дуел, ги загубил и сите други три пресметки пред своја публика во првата рунда кои ги одиграл во Купот на УЕФА.
- Рускиот тим кој пред неколку дена одлучи да го отпушти Лучано Спалети од тренерската функција има само една победа на последните 12 гостувања на сите натпреварувања.
- Со 28 постигна голови напаѓачот на Зенит, Александар Кержаков е најдобриот руски голгетер на меѓународните натпреварувања.
Нова победа на Борусија и минимум 3 гола е прогнозата на типстерите и на овој дуел.