Ван Перси го сруши Олимпијакос

Конечно проработе машинеријата на англискиот шампион. Со хет-трикот на маестралниот Робин ван Перси, четата на Мојс успеа да ја анулира предноста од 2:0 од првиот меч и да патува во четврфиналето. Пирова победа за фудбалерите на Зенит од 2:1 во Дортмунд.

Манчестер - Јунатед 3:0 (2:0)
Ван Перси 25`, 45`, 52` 

Манчестер Јунајтед конечно оваа сезона најде светло во тунелот, а за тоа најзаслужен беше холандскиот напаѓач кој беше немилосрден со три погодоци колку што му беа потребни на неговиот тим за пласман во четвртфиналето. Резултатот го отвори од пенал, а на крајот од првиот дел погоди на асистенција на Руни. Третиот гол за точка на мечот беше најубав за око, од слободен удар.

Борусија Дортмунд - Зенит 1:2 (1:1)
Кехл 38` - Хулк, Рондон 16`, 73` 

По отпуштањето на Лучано Спалети составот на Зенит се обиде да изненади на гости против Борусија Дортмунд по оние катастрофални 4:2 пред своја публика. Гостите го отворија резултатот во 16 минута со голот на Халк, но домаќините израмнија во 38 минута од првото полувреме. Конечните 1:2 кои не беа доволни за сензација ги постави Рондон.