На Жозе Мурињо вечерва против Базел му е доволно бод за да си го осигура влезот во осминафиналната фаза, а таму може да се најде и со пораз, но доколку Стеауа го победи Шалке. За понатамошен пласман на Германците вечерва им е потребна победа, а истовремено Базел да загуби од Челси.
Група Е:
Стеауа - Шалке (20.45)
Базел - Челси (20.45)
Табела: Челси 9, Шалке 6, Базел 5, Стеауа 2
Се ближи крајот кога една од трите силни екипи во најтешката група Ф ќе мора уште во првата фаза да се прости од најелитното клупско натпреварување. Минатогодишниот финалист доколку не слави вечерва ќе се збогува од Лигата на шампионите, а на Наполи за осминафинале му е потребен само бод. „Топџиите" одат понатаму со триумф над Марсеј, а во Германија Наполитанците да не излезат поразени.
Група Ф:
Арсенал - Олимпик Марсеј (20.45)
Борусија Дортмунд - Наполи (20.45)
Табела: Арсенал 9, Наполи 9, Борусија Дортмунд 6, Марсеј 0
Диего Симеоне со своите пулени има максимален ефект по првите четири кола во Лигата на шампионите и веќе мирно го чека месец февруари кога се играат осминафиналињата. Вечерва втората позиција може да ја освои Зенит со победа над лидерот, а истовреме Порто на домашен терен да не триумфира против Австрија.
Група Г:
Зенит - Атлетико Мадрид (18.00)
Порто - Австрија Виена (20.45)
Табела: 1. Атлетико Мадрид 12, Зенит 5, Порто 4, Австрија 1
Во групата Х Каталонците се веќе познати осминафиналисти, а за таму претендира и Милан кој ќе се пласира уште вечерва доколку слави во Глазгов, а Барселона победи во Амстердам.
Група Х:
Ајакс - Барселона (20.45)
Селтик - Милан (20.45)
Табела: 1. Барселона 10, Милан 5, Ајакс 4, Селтик 3