Малкумина знаат дека татко му на Клоп во младоста бил просечен голман кој во еден момент дури и бил на проба во Кајзерслаутерн. А кога видел дека од фудбалот нема „да се најаде леб“, отишол во трговија.
Клоп постариот патувал по светот, продавал завртки и навртки за мебел и едвај чекал да го види син му - секој слободен ден го користел да спортува со малиот Јирген. Денес еден од најдобрите тренери на светот се сеќава дека ретко можел да го победи татко му што и да играле: и кога трчале до средината на теренот или кога играле тенис па го победувал 0:6, 0:6, или кога скијале секогаш ја гледал црвената јакна на татко му кој бил далеку пред него.
„Во детството мислев дека никој и никогаш не би ми платил ако играм фудбал, се сеќава Клоп за сомнежите кои ги имал во себе и продолжува: Едно време сакав да станам лекар. Таква идеја ми дојде на три години пред да завршам со школото. Но за да влезете на медицински факултет ви требаат одлични резултати на приемните испити. Бев цврсто решен дека ќе одам во медицина но на крај се заврши добро за тие кои ќе требаше да дојдат кај мене под нож. Не сакам да лажам. Не мислам дека бев многу паметен за да успеам во медицината. Директорот на моето школо ми кажа: „Се надевам дека ќе успееш во фудбалот зошто за друго и не си баш спремен“.
Желбата за медицина Јирген ја објаснил поинаку: „Мислам дека имам синдром на помошник. Искрено сакам да се грижам за другите луѓе, се чувствувам одговорен за многу работи“.
Во фудбалот успеал поради својот жесток карактер и истрајноста на татко му. „Тој не беше посебно технички поткован но секогаш играше страсно и агресивно. Јирген беше душа на екипата, другар на сите играчи“, се сеќава Томаш Цимер, соиграч на Клоп од Мајнц на времето.
Уште тогаш како играч Клоп два пати неделно одел на тренерски курс за да после 20 години ни го подери неверојатниот Ливерпул кој постигна повеќе од 40 гола во Лигата на шампионите и ќе се бори за највредниот пехар во финалето.
Денес сфаќа дека се е толку полесно без биологија, хемија и скалпели.