Синоќешниот меч против Еибар стана последен во кариерата на Фернандо Торес во дресот на Атлетико.
„Ел Нињо“ (Малиот), првпат ја извел екипата со капитенска лента на само 19 години кога станал најмладиот капитен во историјата на клубот. Во 2007-ма замина во Англија а во 2015-та се врати во својот дом.
Против Еибар вчера за последен пат истрча со тимот затоа што одамна е веќе јасно дека договорот со клубот нема да го продолжи и ќе оди во друга средина (се споменува САД). На сите дресови на Атлетико синоќа беше испечатено презимето Торес со неговиот потпис и прекар El Niño: „Малиот стана легенда“:
In today’s match, we’re going wear a commemorative patch honoring Fernando @Torres #AúpaAtleti #AtletiEibar pic.twitter.com/IUa5CsH6IC
— Atlético de Madrid (@atletienglish) May 20, 2018
Фернандо, кој со Шпанија стана европски и светски првак вчера носел и посебни штитници:
На почетокот на мечот Ел Нињо помина низ почесен шпалир од своите соиграчи:
🔴⚪🔴 The red and white family paying tribute to Fernando @Torres#DeNiñoALeyenda pic.twitter.com/aoeDRycvhA
— Atlético de Madrid (@atletienglish) May 20, 2018
Со неговиот прв трофеј во Европа како играч на Атлетико Мадрид:
А потоа, во свој стил постигна два гола:
После мечот со Фернандо дојде да се збогува и Маноло Бринас, директорот на младинската школа на Атлетико - човек кој го открил талентот на Торес кога бил мало дете.
И на крај дојде и семејството Торес:
Мечот заврши 2:2 а од трибините на „Ванда Метрополитано“ никој не замина по последната судиска свирка. Навивачите се простуваа со Торес: