Тренерот на Рома Ди Франческо го завикал 20-годишниот Џенгиз Ундер Gengo - по името на популарниот сервис за професионален превод.
Истото лето кога дојде во Рома, за Турчинот сериозно бил заинтересиран и Манчестер Сити, но Мончи го убедил дека во Рома ќе му биде подобро. Џенгиз дојде на место Салах. Во преговорите тој инсистирал да почека Египќанецот да замине со што би му се отвороило повеќе место.
Но првите месеци во Рим му биле тешко. Не знаел италијански (поради што го добил и прекарот) и првпат во животот се почуствувал сам. Секоја вечер ја минувал на Скајп со роднините и другарите а преку ден тренирал.
Во февруари Џенгиз Ундер имаше 500 минути фудбал за Рома а Салах растураше во Ливерпул, па навивачите трансферот го сметаа за промашена инвестиција.
Рим уште не знаел дека Ундер најмногу се мотивира кога некој го потценува. „Сакав да докажам дека луѓето грешат. Сакам да ги надминам очекувањата. Тоа го правам веќе десет години“, рекол Ундер пред крајот на есенската полусезона.
Од зборови на дело. После секој тренинг Ундер го вежбал шутот и работел на својата маса: италијанските бекови се снажни и морал да се засили.
Џенгиз во почетокот во Рим никаде не одел без преведувачот Пако, учел англиски јазик и се навикнувал на градот а тоа му го олеснил другар му Серхат од Истанбул кој дошол да живее со него во станот.
Пред да дојде во Рома, бил член на академијата на клубот Алтинорду - единствен фудбалски центар во Турција кој има свое професионално училиште. Џенгиз е првиот производ на еден исклучителен систем на подготовки поинаков од класичните младински школи.
This is the club where @cengizunder was made. And @AltinorduFK think they have more stars on their hands 🇹🇷 pic.twitter.com/aVeMvwxOHq
— B/R Football (@brfootball) May 30, 2018
Во академијата на Алтинорду има сопствена фарма со крави, кози, овци и кокошки: плус има бавчи со домати, краставици и други зеленчуци и овошја чие одгледување не бара дополнителени трошоци.
Денот на Ундер почнувал со молзење крави и копање и садење во градина.
Се што ќе засадат, воспитаниците во клубот и го јадат. На голема табла во трпезаријата стои една конвенционална мудрост: „Ти си тоа што јадеш“ а под неа калориска содржина на секој од основните прехрамбени производи. За шест или седум години во оваа академија децата го добиваат потребното знаење и надвор од фудбалот. Во детството Џенгиз читал барем еден час дневно.
Џенгиз Ундер се развил во дисциплиниран професионалец. Во Рим не се вселил во богат реон туку во стан кој го ослободил голманот Шчесни, недалеку од новиот конгрес центар La Nuvola.
Ундер после натпреварите се враќа порано дома а слободното време го троши на учење и на шетање во бутиците на Пјаца ди Спања.
За пола година добро научил италијански и сфатил зошто соиграчите се смееле по прекарот кој го добил од Ди Франческо. Му се допаднала филозофијата на тренерот, веќе качил маса на себе и бил спремен да влезе во борба со противничките бекови (сезоната ја заврши со 65,8% добиени дуели, 4% помалку од крупниот Перишиќ кој е висок 190 сантиметри).
Рома имаше чудна зима: имаа серија од шест меча без победа, 0 од можни 16 бодови, во декември се бореа за скудетото но на крајот од јануари испаднаа од зоната која води во ЛШ.
Следеа гласини за отказ на Ди Франческо и за голема пролет никој не помислуваше.
Мечот против Верона можеше да стане седми во низа без победа да не беше Ундер: Во 40’ секунда од почетокот тргна во продор, дрибна двајца играчи и даде убав гол во подалечниот агол. Следниот ден Пероти го викнал на ручек - Џенгиз заслужил почит.
После една недела Рома го совлада Беневенто. Мечот беше тежок зошто при резултат 1:1 Ундер му намести гол на Џеко, но Беневенто израмни по што Џенгиз постигна два гола за убедлив триумф.
Во двете следни победи главен јунак пак беше Ундер против Удинезе и во фамозниот триумф против Барселона кога му намести гол на Манолас од корнер.
До крајот од сезоата Џенгиз блесна уште два пати: прво против Џенова даде гол во победата 2:1 а потоа и против Каљари - славје кое и обезбеди на Рома 3. место на табелата.
За репрезентацијата на Турција Ундер постигна 4 гола на 10 меча.
„Бев несигурен зошто Џенгиз беше многу мал но после првиот тренинг сфатив дека тоа не е проблем. Сакав да го проверам и им кажав на другите да играат максимално жестоко против него. Малиот ги издржа сите дуели. Секогаш знае да се приспособи на ситуацијата. Затоа не ме чудат неговите успеси во Рома“, вели тренерот на Алтинорду Хусеин Ероглу.
На 20 години Џенгиз Ундер го спаси Ди Франческо од отказ, Мончи од сериозни критики, а Рома ја спаси од пласман во Лига Европа.
Фантастичната пролет ја круниса во Лигата на шампионите кога и помогна на Рома да ја надмине декемвриската депресија - постигна 6 гола на 6 меча. Што е најважно им помогна на тифозите да заборават на Салах кој на негова возраст во швајцарската лига дал два гола помалку.
Сите кои го знаат Џенгиз Ундер се уверени дека најдоброто од него уште не дошло.