Таткото освои Ролан Гарос во дубл, синот му ја зема славата

Франција е задоволна што има шампиони на легендарниот Ролан Гарос - Никола Мау и Пјер Ербер им донесоа трофеј но победата му припаѓа на синот на Мау кој истрча на теренот.

Во саботата на Ролан Гарос, Пјер Уг Ербер и Никола Мау ги победија лидерите во дубл сезонава Оливер Марах и Мате Павиќ и го освоија својот трет Гренд Слем и тоа на домашен терен.

Французите ја освоија 12-та титула во дубл (втора сезонава) и станаа третиот француски пар којшто го освоил фамозниот Ролан Гарос, после Јаник Ноа со Анри Леконт (1984) и Жулиен Бенето со Едуард Рожер Васелин (2014).

Покрај тоа Мау и Ербер станаа први Французи кои освоиле три Гренд Слема во Опен ерата.

Француската публика во Париз се израдува на големиот успех, а посебно го поздрави шестогдишниот син на Мау, Натаниел којшто не можеше да седи во место на трибините заедно со мајка му Вирџинија, а после победничкиот поен истрча на терен да го поздрави татко му. 

Пред почетокот на церемонијата доделување награди, малиот Натаниел Мау ги научил татко му и чичко му Пјер Ербер како треба да ја прослават титулата со популарниот Floss dance:

 

10 јуни 2018 - 11:19