На 16 јуни Франција го започна Мундијалот со натпреварот против Австралија. Мечот беше израмнет до моментот кога Погба со интересен шут не им донесе победа на Французите и важни три бода.
После мечот Пол се радуваше со соиграчите и тргна кон камерата за да ги покаже своите костобрани. На нив имало слика од возрасен човек со медал во рацете и натпис на француски јазик: „Господе, не казнувај ме за тоа што зборуваат. Прости ми, затоа што тие не знаат и направи ме подобар отколку што мислат тие“.
Вечерта Погба го објаснил својот перформанс: „Ова е за тебе, тато“, напишал на Инстаграм.
Човекот на сликата од костобраните е татко му на Пол. Починал пред една година.
****
Фасу Антоан Погба емигирирал со жената и синовите од Нова Гвинеја во Париз кога имал само 20 години. Целиот живот работел како техничар во сферата на телекомуникациите, а во младоста одлично играл фудбал и сонувал за професионална кариера.
Но не му успеало зошто татко му (дедо му на Погба) бил против - го сметал фудбалот за бесмислена работа. Но желбата на Фасу ја исполниле неговите синови - сите тројца станаа професионални фудбалери.
Фасу во најрана возраст видел кај Погба талент за фудбал и станал детски тренер за да се заангажира повеќе за синовите. Преку ден предавал во една од техничките школи (татко му на Погба бил магистер по технички науки), а навечер ги тренирал децата во спортска секција.
Татко му на Пол го ставил малиот Погба да игра со две години постари деца за да го достигне нивното ниво.
Кога Погба бил мал неговите родители се развеле и тој со браќата останал да живее со мајка му. Но Фасу не ги оставил своите синови: освен редовните тренинзи тој го следел и школувањето на Пол и не му давал да игра фудбал ако има слаба оценка.
„Веднаш им ставив до знаење на дечките дека фудбалот не е шега. Фудбалот е средство за егзистенција. Сакав да бидат спремни на сè“, рекол Антоан Фасу на времето.
Неговите познаници раскажувале дека животот во емиграција го направила Антоан Фасу Погба суров маж и родител. Детското однесување на Пол на теренот е негов хир после строгиот режим на татко му Фасу.
Пол рано замина во Англија, во школата на Манчестер Јунајтед, на возраст кога многу деца уште се со родителите, но никогаш не останал без контакт со семејството. Постојано доаѓал во Париз да го посети татко му а откако дебитирал за репрезентацијата на Франција, Фасу редовно ги гледал сите негови настапи за „Триколорите“.
Најемотивна епизода се случи за време на Европското 2016 во Франција на мечот меѓу Франција и Швајцарија: Фасу и браќата на Погба го бодреле од трибините во маици со натпис „Среќен роденден, тато“. На крајот од мечот Пол го соблече дресот под кој носеше маичка со истиот натпис:
Дента Фасу се појавил во студио на француската телевизија која го пренесуваше Светското и го критикувал син му: „Убаво, но јас не сум воодушевен. Таквите работи ви изгледаат екстра и неверојатни, но не се за мојата природа“.
***
Во 2016 година на татко му на Погба му дијагностицирале тешка болест. Семејството Погба извесно време не знаело каква дијагноза му поставиле но сфатиле дека се работи за тешка болест.
Пол признал дека во тој период му било многу тешко да се концентрира на фудбалот но му помагале советите од татко му: „Татко ми никогаш не ми дозволи да тагувам и да мислам на нешто друго освен на фудбалот. Секогаш ми викаше дека не постои никакво оправдание кога се бориш да достигнеш нешто“.
Смрта настапила неочекувано.
На 28 март 2017 година Пол на Инстаграм ставил фотографија со татко му кој лежи во болнички кревет. Во раце изнемоштениот Фасу држел огромна торта - тогаш му бил роденден:
„Среќен роденден драг тато, горд сум што сум твој син“ напишал Погба под сликата.
После половина месец Фасу починал во болница во Манчестер.
Следните два натпревари везниот играч на Јунајтед ги пропуштил и признал дека тоа за него било неверојатно тешко време.
Еден од оние кои тогаш најсилно го поддржа Погба беше Мурињо: „Со Пол се ќе биде добро, тој е психолошки силен човек. Сега треба да си дојде на себе по смртта на татко му“.
Погба се врати за финалето на Лига Европа каде го даде вториот гол и го прослави со кренати раце кон небото во кое гледаше неколку секунди.
****
По смртта на Фасу помина една година.
Во март 2018 година Франција играше против Русија. Погба постигна гол после кој го соблече дресот под кој носеше маичка со натпис: „Среќен роденден тато. Нека Алах биде милостив со тебе“. Следниот ден беше роденден на Фасу.
Погба денес уште ги носи костобраните со слика од татко му. Пред секој меч од Светското тој се моли во чест на татко му. Овој Мундијал е прв во кариерата на Пол и тој е лидер на една од најсилните репрезентации.
Погба ретко зборува за медиумите за неговиот однос со татко му, но во интервју за Esquire во октомври 2017-та признал колку многу му значел татко му:
„Кога ќе изгубиш некој кој многу го сакаш во тебе се се менува. Затоа викам дека човек треба да ужива во животот затоа што е краток векот. Памтам како неодамна зборуав со татко ми а сега веќе го нема. Тој беше многу голем човек. Се бореше со сите сили но годинава веќе не можеше. Беше добар човек, добар татко и горд сум што сум негов син. Тој беше највеселиот човек кој некогаш сум го видел. Секогаш кога бевме заедно многу се смеевме. Секогаш по добро ќе го памтам нашиот однос“, заклучил Погба кој ќе ја поведе Франција во осминафиналето против Аргентина.