Повеќе од 3.000 луѓе работеа на производството на евтини маици за европските компании, кога се сруши зграда во Бангладеш. Стотици умреа бидејќи објектот ги немаше ниту најосновните безбедносни стандарди.
Не дека Шимборска и Марина Цветаева не знаат да предизвикаат поетски дилеми, меѓутоа ние сме длабоко натопени во езотеријата на Сања Ристеска и реката прашања кои ни ги предизвика нејзината песна "Ме заболе". Да речеме: "Раке пуке, раке шлаке". Дали ние тоа правилно го изговараме?
Не дека сакаме дополнително да го комплицираме нашиот национален идентитет, ама има нешто англиско во нас: дали било претопло или престудено, пресуво или превлажно, и Македонците и Англичаните обожаваат да кукаат за времето.
Затоа што последните 5-6 години покажа дека социјалните медиуми и алкохолот се одлична комбинација, Бадвајзер изработи чаша за пиво која автоматски те поврзува на Фејсбук.
Обама го објави списокот на подароци што тој и луѓето од администрацијата (во 2011.) го добиле на подарок од странски функционери. Од нас добиле неколку дена викенд.
Секој жив човек на планетава кој има црвена коса е директен потомок на првиот човек со таква боја на коса. Најмногу наследници на нултиот црвенокос човек има во Велика Британија.
Кога се зборува за брада, ако ги прашуваш жените, помеѓу тазе муџахедин, сериозен војвода и Гандалф, секогаш најдобро е да изгледаш како Рајан Гослинг.
Вековниот страв на Македонец од несоница опеан во многу народни песни (види последна строфа), едно истражување на дански научници го потврди како животворен и пред се, многудетен.
Два дена пред Божиќ, група од околу 30 мажи (меѓу кои и високи политички функционери) одат на лов на диви свињи во резерват во Молдавија. За време на ловот не сакајќи беше застрелан еден од ловџиите, 41-годишен бизнисмен, што последователно доведе до оставка на премиерот.
Хакирањето на позната Твитер сметка, како онаа на АП, која агенцијата ја користи за испраќање на најнови вести на некои 2 милиони следбеници, звучи како компликувана работа. Излезе дека не е.
Ако човек сака да биде среќен, треба да престане да се споредува со другите. Спротивната опција е постојано да се чувствуваш како комплетен неуспех во животот.
Матеј Пељхан е фотограф од Словенија. Тој го запознава Лука, дете кое страда од мускулна дистрофија и кое сонува за најдетските работи кои неговото тело не му дозволува да ги направи. А не бара многу.
- Чешкиот амбасадор во САД мораше со официјално соопштение да објасни дека има разлика меѓу Чеченија и Чешка.- Адидас не може да постигне со производството на "трибјут" маички за Бостонскиот маратон.- Магазините што на своите насловни ги обележаа експлозиите на Бостонскиот маратон.
Поширокиот центар на Бостон деновиве беше речиси комплетно затворен (продавници, улици, фирми) како дел од потрагата по двајцата осомничени за бомбашкиот напад. Во овој период единствено работеше Данкин Донатс.
190 милијарди долари е сумата што Кинезите само лани ја потрошиле на шопинг на интернет, стои во извештајот на кинеската влада. Освен парите, извештајот има и некои други детали за тоа како ги трошеле.
Минатата недела медиумите повторно се возбудија околу најновото откритие на Асанж кое се состоеше од веќе и онака јавни документи. Во исто време една важна истрага базирана на вистинскo новинарство заврши игнорирана.
Минатата година за време на својот стенд-ап Даниел Тош наводно и одговорил на провокациите на една девојка од публиката со " ќе биде интересно ако пет момци во моментов фатат да те силуваат." За време на сериозно гневната реакција на јавноста на коментарот на Тош, Луис Ц.К. твитна еден комплимент за Тош: "твоите шоуа ме засмеваат секој пат кога ги гледам. И имаш убаво очи." Сега сите се ссна на Ц.К.