Средбата меѓу Србија и Италија која заврши 101:82 ги донесе најатрактивните потези во шестиот ден на ЕП 2015. Расположени за шоу беа Недовиќ и Калиниќ, а најинтересниот дриблинг го направија Украинците.
Македонската фудбалска репрезентација го забележа и седмиот пораз во 8. квалификациско коло за Европското првенство во Франција 2016. Поразот од 0:1 не изгледа воопшто страшно, бидејќи овој пат не игравме против Луксембург.
Бразилецот реши да игра за Шпанија лани, во март 2014-та. Од тогаш до денес на осум натпревари дал само еден гол, а ние се надеваме дека постот ќе му продолжи и утре.
Во сабота од 15:00 часот почнува јубилејното 40. издание на Евробаскетот, кое ќе има најмногу НБА кошаркари во историјата. Нашите ќе играат против 7 играчи од најсилната светска лига.
Во наредните шест дена ширум Европа ќе се играат натпревари од квалификациите за пласман на ЕВРО 2016 во Франција. Холандија може да не се пласира, Англија, Велс и Северна Ирска близу до историски пласман на три британски селекции.
Македонската фудбалска репрезентација остана со 311 бодови, но забележа скок од две места на ранг листата на ФИФА поради падот на други две репрезентации.
Најголемото изненадување во првото квалификациско коло во Лига Европа го направија фудбалерите на Номе Каљу од Естонија кои елиминираа клуб со многу поголеми амбиции и буџет од 10 милиони евра.
Клучни натпревари викендов се играат во Кардиф, Рејкјавик и Зеница. Холандија е под силен притисок, а Фарски Острови ќе бркаат втора сензација во тековните квалификации. Македонија гостува во Жилина.
По четири порази и една победа во квалификацискиот циклус за ЕП 2016, новиот селектор на македонската фудбалска репрезентација посакува со позитивен резултат да стартува на селекторската фотеља.
Federbet го објави најновиот извештај за наместени натпревари. Се местело во Албанија, Бугарија и Грција, а Македонија пак ја нема. Но се споменува Македонецот кој може да влијае со сведочењето во однос на играњето на Лацио во Европа.
Тимот од Андалузија вечерва од 20:45 во Варшава ќе игра за апсолутен примат во ова натпреварување кое го освојуваше три пати, а украинскиот Днипро ќе се обиде да стави круна на фантастичната сезона.
На 5.500 км од Скопје во едногодишна руска авантура беше Филип Деспотовски, еден од најистакнатите македонски одбојкари. Ни раскажа како се дише на -40, како колите се палат сами, а за одбојката во Русија вели дека е популарна како НБА во Америка.
Со голот на Јевген Селезнов, Днипро го совлада Наполи и за прв пат во клупската историја обезбеди пласман во едно големо европско финале. Уште е поголемо затоа што екипата 18 натпревари играше надвор од својот дом.
Ниту еден од двата италијански клубови не успеа да се пласира во големото финале на Лига Европа. Фиорентина со вкупни 5-0 го загуби двомечот со Севиља, а Наполи поразен во Украина од Днипро. Финалето се игра на 27. мај во Варшава
Зенит ќе се обиде да ги урне надежите на шпанскиот клуб дека може да го одбрани трофејот во ЛЕ освоен лани. Фиорентина против Динамо Киев за влез во полуфиналето.
За разлика од групната фаза кога немаше четврток, а да нема инциденти, четврт-финалните дуели во ЛЕ минаа без навивачки нереди освен во Бриж. Се нагледавме кореографии и гостувања.