Днипро победил за украинската војска

Со голот на Јевген Селезнов, Днипро го совлада Наполи и за прв пат во клупската историја обезбеди пласман во едно големо европско финале. Уште е поголемо затоа што екипата 18 натпревари играше надвор од својот дом.

Во својата клупска историја, Днипро два пати бил вицешампион на Украина (минатата сезона и во 1992/1993). Сезонава беа принудени своите европски натпревари да ги играат во Киев, затоа што УЕФА не дозволи Днипро да биде домаќин во градот Днипропетровск кој беше зафатен со воениот конфликт во источна Украина.
 
Огромниот успех беше прославен со навивачите на теренот на Олимпискиот стадион во Киев, а во налет на воодушевување фудбалерите и тренерот ја посветија победата за војниците кои се борат со проруските сили.
„Игравме за сите луѓе кои веруваа во нас. Игравме против сериозен клуб, знам дека имаше многу скептици, но кога видов колку луѓе дојдоа на стадионот и колку веруваат во нас знаев дека не може да изгубиме. Натпреваров го игравме за нашиот народ. Посебно за оние кои учествуваат во антитерористичките операции (АТО). Сигурен сум дека го гледале натпреваров, така што: Момци победава е првенствено за вас“, изјави тренрот Мирон Маркјевич после триумфот.

Еуфорично славеа и фудбалерите кои на 27. мај во Варшвава ќе играат против бранителот на трофејот, Севиља која беше подобра од Фиорентина во полуфиналето.
„Многу сум горд на градот, на екипата и на државата иако уште не ми се верува што постигнавме. Оваа победа е за војниците кои ја бранеа нашата земја. Славете ги нашите херои“, изјави Артем Федецки.
Головите од вчерашните натпревари погледнете ги тука.
15 мај 2015 - 13:00