Според најновото рангирање на ФИФА, нашиот национален тим без никакви ангажмани, скокна пет позиции на листата. Пред нас се Етиопија и Саудиска Арабија, а подобри сме од Оман и Фарски острови.
Во нашата квалификациска група Словачка котира на одличната 17. позиција, Украина е 35-та, Белорусија е 80-та, а Луксембург се наоѓа на 131. место.
Селекцијата на Шпанија е најдобра и се наоѓа на 10-то место. На врвот и натаму е Германија, Белгија е сега втора пред Аргентина, а потоа следуваат Аргентина, Колумбија, Бразил, Холандија, Португалија, Уругвај и Франција.
Новиот селектор Љубинко Друловиќ на селекторската позиција на Македонија ќе дебитира на 14 јуни против Словачка во Жилина.